Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Анастазија Стошиќ од „В. А. Дрен" од Скопје пишува што претставува матурската прослава за славениците, подготовките и буџетот за истата. Еве ги одговорите од анкетата што ја спровела кај славеничките и славениците.

maturska-2014- Колку чини една матурска вечер?

Трошокот околу стајлинг и остато е индивидуална работа. Некои потрошија за стајлинг само 300 еур, а некои и до 1.000 еур .... Едно е идентично. Прославата во хотелот „Александар Палас" ги чинеше сите матуранти од „Васил Антевски Дрен" исто, ,,само 1500 денари со вклучена матурска вечера и афтерпарти во дискотеката „Привилиџ". Тоа со трубачите се само 30 тина еур. но некои си потрошија повеќе за да се истакнат...

Е тоа како да се стигне до „Палас", со високите потпетици од 100 еур или 300 еур или плус да се земат балетанки кои чинат исто околу 20 еур или 50 еур, затоа што и тие треба да одговараат на фустанот секако дека се пресметува различно....

Исто така како да се довеземе до „Палас" за секој да не види чини различно. Некои се истовараат од колата на татко му на Марко, а некои со лимузина ја донесоа партнерката.

- Дали трошокот околу целата церемонија е поголем за девојчињата или за момчињата?

Дефинитивно – девојките трошат повеќе! Тоа беше одговор дури и за бизнис план. Ха ... Девојките имаат некакви ,,стандарди,, и срамота е наместо да закажеш фризер, шминка, нокти, трепки... да се средуваш по дома. По дома не е како кај стилист... А плус и ќе се истакнеш како недокомлетирана...

- Како си поминавте во „Палас"?

,,Свадба без невеста"- беше најчестиот одговор, додавајќи дека „ама затоа после тоа беше лудо!" За тоа, ,,после тоа,, сè е дополнителен трошок за секој матурант, а тој трошок трае до раните утрински часови, т.е. до почетокот на првиот час во училиште. Се разбира треба да ги видат колку можат да издржат и оние од трета, па да им прекинат со трубачите дел од наставата на оние од трета за да се продолжи традицијата, секако.

- Што очекувавте, а што добивте од матурата одговорија мошне интересно:
- Очекувавме хаос заради целата фама која се создава за завршено средно образование, кое да не заборавиме е задолжително!!! Очекувавме фантастична вечер во која ќе уживаме и ќе се памети. Очекувам да видам девојки облечени како за на циркус, бал свадба и да бирам со која ќе завршам во раните утрински часови...  Добив сè што очекував: оро, штикли па балетанки... Без нозе останавме.

Добив милион лајкови на фотките кои ги означивме на ФБ... Милион селфи...

Добив главоболка цел нареден ден, а на прашањето на статус: –Од што ми е главоболката? -добив одговори од типот: -Легни и спиј!

- Дали сега се чувствувате поголеми и поважни?

- Ааааа сигурно, кога ќе положам матура – тогаш!  Има и многу важни што ги бројат парите што ги собрале од гостите. Уште не сме свесни што заврши, а понесвесни ќе бидеме на 31.05.2014 во 10.00 на државна матура – македонски...

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk