Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Учебниците се застарен метод, па затоа е потребно филмот во училниците да биде секојдневие, рекоа средношколците-учесници на меѓународната конференцијата „Аудиовизуелно образование ‐ иднина или сегашност?“ во организација на „МакеДокс“, фестивалот за креативен документарен филм. Порачаа дека се потребни поголем број на предавања на разни теми преку аудиовизуелни содржини, поточно преку адекватни документарни филмови. Само така наставните содржини ќе бидат поинтересни , предавањата нема да бидат досадни, учениците поинволвирани, а ќе се и поттикне поголема креативност и критичкото размислување кај сите.

ucenicite baraat da ucat preku filmovi

-Преку слика и звук учиме полесно, часовите се позабавни, а и полесно ја памтиме материјата која наставниците ни ја предаваат-рече една млада средношколка од гимназијата „Јосип Броз-Тито“.

ucenicite baraat da ucat preku filmovi 2Учесниците на фестивалот се сложија дека преку документарни филмови едукацијата ќе биде поефикасна, младите ќе бидат позаинтересирани за уметноста и од нив во иднина може да произлезат квалитетни филмски работници. Порачаа дека е потребно нашите институции да вложат напори за поинтензивно користење на аудиовизуелни содржини во образованието како потребно позитивно искуство.

Благодарение на „МакеДокс“, во најголем дел од училиштата веќе се применува аудиовизуелно покривање на различни теми на часовите. Во зависност од условите на образовните институции, некаде е позастапен овој вид на настава, на друго место помалку.

ucenicite baraat da ucat preku filmovi 3-Првиот прирачник што го направивме беше за средни училишта и покриваше доминантно теми од социологија и граѓанско образование. Тој се викаше „МакеДокс во училница“, го издадовме пред неколку години. Добивме поддршка од Министерството за образование, направивме повик, на кој се пријавија 80 до 90 отсто од наставниците по социологија и граѓанско образование, кои потоа беа обучени како да го користат во наставата. Потоа направивме уште еден прирачник, за повисоките одделенија од основното образование и пониските од средното. Исто така се пријавија многу наставници, кои поминаа идентична обука, како дел од процесот. Се селектираат теми и часот се покрива со одредени филмови, според нашата замисла како треба да изгледа еден час од 45 минути. Минатата година го издадовме и „МакеДокс во училница 2“, поради големата побарувачка од наставниците, бидејќи наставниците ги исцрпија претходните филмови-објасни Сашо Н. Алушевски од „МакеДокс“, задолжен за едукацискиот дел од фестивалот за документарен филм.

Дополни дека целта е часот да се направи поинтересен, со приказни од цел свет, особено за сувопарни теми за кои учениците се помалку заинтересирани.  Самите наставници имаат слобода да одлучат кои филмови на кој час ќе ги искористат.

Има одреден фонд на документарни филмови, кои, наставниците го добиваат од „МакеДокс“, па доколку  имаат на пример тема „дискриминација“ самиот наставник одлучува кој филм ќе го искористи за полесно да ја предаде наставната материја.

ucenicite baraat da ucat preku filmovi 4На меѓународната, присуствуваа 114 учесници од Македонија, Хрватска, Косово, Романија, Италија, Холандија, Германија, Босна и Херцеговина. Учествуваа ученици, наставници, претставници од невладини организации, филмски работници, претставници од образовните институции. Беше посочено дека во наведените земји во наставата веќе се користат аудиовизуелни содржини, односно документарни филмови особено во општествените науки и изучувањето на јазиците.

Дел од конференцијата беше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој рече дека внесувањето на авторскиот - креативен документарен филм во училиштата нуди информативна вредност, поставува прашања, отвора простор за дискусија.

ucenicite baraat da ucat preku filmovi 5-Креативната документарна форма е тренд во светот и ние, преку овој пристап на ’МакеДокс‘, можеме да се пофалиме дека сме во чекор со тој тренд-, рече министерот за култура.

Алушевски од „МакеДокс“ смета дека нивниот досегашен придонес е голем, ја создале базата, а понатамошниот развој на аудиовизуелноста во училиштата е во домен на Министерството за образование.

-Може во иднина да се направат филмски клубови, ние понудивме основа. Не да бидат под наша капа, може да биде под било која институција. Тоа зависи од раководствата на самите училишта, од волјата. Тоа досега не функционираше, а најсреќно решение беа прирачниците. Учениците во секој случај бараат филмски секции, има голем потенцијал во младите, сакаат да снимаат самите филмови. Постојат многу млади кои се креативни, а кај нас тешко се откриваат тие таленти-појасни тој.

Употребата на документарни филмови во формалното образование и развојот на едукативни материјали е главна цел на проектот „МакеДокс во училница“. Проектот е финансиран од Националната Фондација за демократија од Вашингтон, додека пак .„Ние сме визуелни ‐ едукација и аудиовизуелизација на човекови права“ е финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права на Европската Унија.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk