Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Бранко Атанасов е средношколец, ученик во четвртата година во СУГС „Никола Карев“, а во исто време и студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Покрај ова, тој е и волонтер во Црвениот Крст на Општина Карпош.

od moite roditeli ne barav igracki samo da me nosat na pretstavi

МЕДИУМ: Од каде потекнува твојата љубов кон театарот?

Атанасов: Отсекогаш сакав да одам во театар и да гледам претстави. Не барав од моите да ми купат сѐ што ќе видам, но кога ќе дојдеше викенд мораа да ме однесат во театар.

МЕДИУМ: Како стаса до театарските штици на само 17 години?

Атанасов: Моите родители од мене сакаа да направат некој спортист, сѐ додека случајно за детското драмско студио во МКЦ под раководство на Магдалена Ризова Черних. Таа не беше само учителка која нѐ учеше како треба да се однесуваме на сцена, туку и во животот. Точно знаеше кому, што и како да му каже за да излезе од него најдоброто. Таа ми беше и најдобар пријател, таа е жената која на едно обично дете на 12 годишна возраст му го покажа патот по кој што сака да оди цел живот. Секако, тука се и моите родители без чија поддршка немаше ништо да направам.

МЕДИУМ: Дали се соочуваше со притисоци, неуспеси?

Атанасов: Можам да кажам дека секогаш сум гледал позитивно на работите и никогаш не сум дозволил да ме турнат. Мислам дека само со добра и позитивна мисла и многу љубов можеме да успееме во тоа што го правиме. А, во исто време, треба да сме и реални кон себе и секогаш да стоиме цврсто на земја.

МЕДИУМ: Дали учењето и обврските на ФДУ ти оставаат слободно време за дружење, кои се твоите други интереси?

Атанасов: Ако ни е добро испланирано времето ќе стигнеме сѐ да направиме и ќе можеме да се видиме со сите. Освен театарот, ме интересира модата, сакам да следам што се случува во тој свет и да видам кои се новите трендови.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk