Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

kreativen-bt-gimnazijaАко прошетате низ ходниците на битолската гимназијата ,,Јосип Броз Тито”, во секој агол ќе ги забележите креативноста и уметничкиот дух на нејзините средношколци. Од една училница се слушаат музичките проби на членовите од училишните бендови, во соседната нивните соученици цртаат седнати на прозорецот, а трети ги усовршуваат улогите за театарската претстава. Врвулицата од средношколци кои се подготвуваат за претстојните училишни настапи прави во битолската гимназија да владее креативен хаос.

Еден од 12-те училишни бендови е и музичката група ,,Две гитари”, чии членови ги затекнавме во една од просториите како го вежбаат својот настап за пред Нова година. Солистот во овој бенд Милан Митровски вели дека желбата за свирење на гитара ја добил за време на училишната екскурзија.

- Цела генерација беше на едно место и сите се забавуваа. Тогаш фатив во рака гитара и ужасно ми беше жал што не знаев да засвирам ниту една песна. Од тогаш почнав сам да учам да свирам, секако и со помош на Интернет. Со училишниот бенд вежбаме во слободно време, пред или после настава - раскажува Митровски.

На петти февруари, гимназијата ,,Јосип Броз Титo” во Битола ја слави 70- годишнината од воведувањето на настава на македонски литературен јазик. По тој повод, група ученици од уметничкиот смер ќе изведат театарска претстава на сцената на Битолскиот народен театар. Главната тема на која ќе се осврнат актерите во претставата е споредба на печалбарството од минатото со денешната модернизирана форма, особено кај младите.

kreativen-bt-gimnazija1- Сакаме да го прикажеме современото печалбарство кај младите денес и сѐ позасиленото иселување на луѓето од државата. Во текот на претставата актерите ќе критикуваат, пеат, свират и цитираат познати македонски дејци во книжевноста како Константин Миладинов, Антон Панов и други - рече Ангела Апостоловска, авторка и режисерка на училишната претстава. Таа додаде дека учениците водени од нивните амбиции и креативност сами ги подготвуваат претставите и се грижат за организацијата.

Активностите во битолската гимназија продолжија и кога си отидовме од училиштето, во кое ученицигте ја користат секоја минута како шанса да ја надградат својата креативност и умешност.

 

 

 

Репортер: Ирена Каревска,
студентка на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk