Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Користењето на мобилните телефони на наставата во училиштето е проблем кој бара решение, како од наставниците, така и од родителите и учениците. Во училиштето во кое работам, директорката пред еден месец со одлука ги забрани на час. На почетокот на часот, учениците ги оставаат телефоните на посебна клупа, а на крајот ги земаат. Јас ја поддржувам оваа одлука. Прво, затоа што наставникот може непречено да си ја врши работата, а второ - учениците ќе бидат внимателни, ќе дискутираат и ќе бидат активни на часот.

Живееме во ера на современа технологија, компјутери и паметни телефони. Мобилните телефони стануваат замена за будилник, замена за потсетник, телефонски именик, замена за камера, замена за книга. Притоа, секој наставник  применува разни наставни методи и техники за кои смета дека најдобро ќе му помогнат да ја презентира наставната единица.

Но, ние се соочуваме со сериозен проблем. Проблем на незаинтересираност кај учениците-sе помалку ученици се заинтересирани за предавањата и за оценките. Разговорот со педагогот или психологот во училиштето за нив  се здодевни предавања кои не сакаат да ги слушаат. Мобилните се секогаш во рака, пред нив, под клупа или  до нив. И  додека наставникот објаснува, зборува, ученикот си ја игра најновата игра. Другиот ученик  пак добива „итен“ повик од мајката која го потсетува дека парите за појадок му се во левиот џеб од јакната. Другарот до него пишува коментар на  штотуку објавената фотографија на ФЕЈСБУК направена за време на часот во другата училница.

Или додека наставникот покажува како да се реши задачата, ученикот го снима наставникот, става смешен стикер и ја става фотографијата во група. Потоа се пишуваат коментари и наставникот станува предмет на исмевање. Се деградира неговата личност.

Во светот, мобилните телефони се ефикасно средство во наставата кои овозможуваат лесен пристап до потребните информации, апликации и е-учебници, но кај нас се проблем, кој не треба да дозволиме да ескалира.

Потребно е секое училиште да изготви Правилник со кој ќе се уреди начинот на користење на мобилни телефони во училиштето. На тој начин ќе направиме чекор во решавање на овој проблем. Во тој контекст, потребни се и предавања преку кои на учениците и на родителите ќе им се објасни употребата на телефони за време на часот.

Фросина Крстевска,
Професорка по македонски јазик во СОУ „Перо Наков“ Куманово

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk