Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Неготино e мало гратче во срцето на Македонија, од двете страни на реката Вардар, познато по грозјето, виното, но и билингвалните паралелки.

Иако градот е мал, луѓето кои живеат во него го сакаат својот град. Исто е и со гостите кои доаѓаат да го посетат и да ја видат убавината на ова мало гратче.

Matematika i fizika mozat da se ucat i na francuski 2 330x200Неготино има голем број културни, спортско-рекреативни центри,  кафулиња, ресторани... Граѓаните на Неготино и неговите посетители можат да уживаат во сѐ што градот нуди. Градскиот плоштад постојано е раздвижен, има луѓе од сите возрасти.

Во нашиот град има и образовни центри- две основни училишта и едно средно училиште.

Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ e oбјект кој располага  со лаборатории, работилници, кантина, сала за спорт, кариерно катче каде што професорите ни даваат совети за понатамошен развој.

Matematika i fizika mozat da se ucat i na francuski 3 330x200Во гимназијата учениците имаат можност да одберат повеќе насоки. Дел од нив се: гимназиско образование, електротехничка струка, хемиско-технолошка струка и билингвална паралелка. Гимназијата „Свети Кирил и Методиј“ е позната по билингвалните-француски паралелки кои постојат веќе 20 години. Учениците во оваа паралелка имаат можност да се образуваат на француски јазик по предметите математика, физика и информатика. Тие се стекнуваат со B2 ниво за француски јазик , кое е светски признато и можат да го продолжат своето образование во Франција.

Веќе неколку години нашата гимназија соработува со гимназијата „Малерб“ од градот Каен во Франција, при што секоја година ученици  од билингвалните паралелки ја посетуваат гимназијата од Kаен и така го подобруваат својот француски јазик.

Раководството на нашата гимназија се стреми да ја развие свеста за правата и одговорностите на сите субјекти, да се негува меѓусебното разбирање и почитување, да се работи на високоетичките стандарди и постигнување на квалитетни академски знаења.

Елена Тимова, Тамара Николова, Деа Балкански, Миља Стојановиќ
СОУ „Свети Кирил и Методиј“-Неготино

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk