Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

trki-gimnaziiВо учебната 2013/2014 година преку системот на натпревари на средните училишта во Скопје во кои учество земаа преку 180 екипи,се одиграа преку 700 натпревари, учество земаа околу 4000 ученици од 28 училишта на територија на Скопје најдобрите пласирани ќе ги измерат силите со своите врсници од другите градови на Република Македонија и тоа во следниве лиги: ракомет, кошарка, футсал и одбојка во машка и женска конкуренција.

Според постигнатиот пласман и резултати, 18 средноучилишни екипи се изборија за учество на државните средноучилишни првенства кои ќе се одржат овие три дена во Охрид и тоа: Одбојка мажи: СУГС „Никола Карев“ -СУГС „Орце Николов“; Одбојка жени: СУГС „Орце Николов“ - СУГС „Георги Димитров“; Кошарка мажи: ДУФК „М.М - Брицо“ - СУГС „Арсениј Јовков“; Кошарка жени:

СУГС „Орце Николов“ - СУГС „Р.Ј - Корчагин“; Ракомет мажи: ДУФК „М.М – Брицо“ - СУГС „Никола Карев“; Ракомет жени: ДУФК „М.М – Брицо“ - СУГС „В.А – Дрен; Футсал мажи ДУФК „М.М – Брицо“ - СУГС „Зеф Љуш Марку“ ; Футсал жени: ДУФК „М.М – Брицо“ - СУГС „Арсениј Јовков“;

На Националната арена Филип Втори Македонски се одржа градското средноучилишно првенство во атлетика каде што средношколците се натпреваруваа во следниве дисциплини: Атлетика - машка конкуренција и Атлетика - женска конкуренција: трчање на 100 метри; трчање на 400 метри; трчање на 1000 метри и трчање на 800 метри; дисциплина фрлање ѓуле и скок во далечина; скок во височина.

Надобропласираните три натпреварувачи од горенаведените дисциплини стекнуваат право за учество на државното атлетско средноучилишно првенство кое се одржа во Охрид на 10.05.2014 година.

Покровител на сите градски средноучилишни лиги и турнири на територија на Скопје е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk