Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

natprevar-video-2014За сите кои би сакале да се соочат со предизвикот да создадат едноминутно видео со своја интерпретација на Шекспир, Делегацијата на ЕУ и Британскиот совет го објавуваат видео натпреварот "Шекспир@1минутно видео", по повод неговиот 450-ти роденден.

Видеото може да биде инспирирано од самиот Шекспир, од негов акт, сцена, цела драма или тема што претставува комбинација од повеќе драми. Може да создадете класична или модерна видео интерпретација на шекспировото дело, живот или оставштина во времетраење од 1 минута. На натпреварот може да се пријават сите граѓани, без ограничување на возраста.

Комисијата ќе избере 3 најдобри видеа и ќе додели прва, втора и трета награда. Наградите се:

o    Прва награда – еден таблет компјутер и комплетните дела на Шекспир во превод на Драги Михајловски
o    Втора награда – комплетните дела на Шекспир во превод на Драги Михајловски
o    Трета награда – пакет промотивни материјали на ЕУ

Рокот за пријавување е 21 мај.

Повеќе детали за натпреварот тука.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk