Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

ekskurzija-algoПариз, Амстердам, Берлин... се некои од градовите кои им овозможија на учениците од приватната гимназија „Алгоритам“ да се запознаат со различните европски култури и вредности. На училишните екскурзии кои траат и до 12 дена среношколците можат да ја почувствуваат Европа „на дланка“.

Од историската Виена, која со нејзиниот Пратер нуди забава за паметење, преку Берлинскиот ѕид до германското кралско градче Потсдам. Дел од патешествието е и францускиот Дизниленд, шарената бајка исполнета со адреналин и авантури. Во градот на реката Амстел и на уметникот Ван Гог, Амстердам, учениците се соочуваат со иронијата дека сите на велосипед некаде брзаат, а се‘ е толку смирено и хармонично.

Полн автобус со ученици, нови пријатели, размена на информации и бесконечни комуникации, а многупати и сонот се заборава. Впечатоците се силни и незаборавни – се до наредната училишна екскурзија.

Ивона Забазновска, Стојан Стојчевски, Тина Јанева, ученици во ПСУ „Алгоритам“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk