Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Осум средни уличишта во Македонија, кои учествуваа на јавниот повик „Предизвик на млади истражувачи, добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите проекти. Како добитници се запишаа седум училишта, од кои едно доби два грантови за проекти во различни области. Сумите кои ги добија тимовите средношколци со нивните ментори за реализација на проектите се движат од околу 170.000 денари (околу 2.800 евра) до речиси 300.000 денари (околу 5.000 евра).

Четири од наградените училишта добија грантови за проекти од областа на заштитата на животната средина.

ФИТР додели 171.805 денари на СОУУД „Димитар Влахов” од Струмица, за да го реализира проектот „Намалување на штетното влијание на јаглерод диоксидот со користење на еколошки филтер на издувните гасови кај автомобилите“. Тимот на овој проект го сочинуваат двајца ментори и седум ученици и тој ќе трае два до три месеци.

Приватното средно училиште „Саба” - Скопје доби 289.000 денари за проектот „Систем за детекција на гасови во воздух во работни простории”. Времетраењето на овој проект е шест месеци и во него се вклучени пет ментори и двајца ученици.

Најмногу пари или 294.000 денари доби скопската гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин” за својот проект „Грин Аир (Засадување на растенија во училницата кои ќе служат како природни прочистувачи на воздухот)”. Во проектот учествуват двајца ментори и шест ученици.

Средното општинско училиште „Јосип Броз Тито” - Битола, за проектот „Присуство на тешки метали во почвата на потег Битола-РЕК Битола” освои грант во висина од 287.500 денари. Проектот ќе биде реализиран со помош на осум членови.

Три од наградените училишта, пак, конкурираа со проекти од електротехничката област.

Грант од 254.000 денари доби скопското средното училиште „Георги Димитров” за проектот „Изработка на дрон“.

Средното општинско техничко училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов” освои 250.000 денари за проектот „3Д технологиите, предизвик за денешницата и неопходност за иднината” кој ќе се реализира со помош на тројца ментори и тројца ученици. Проектот ќе трае шест месеци.

Во оваа област следната награда ја доби електро-техничко училиште на град Скопје „Михајло Пупин”. Проектот е „Фотоволтаична централа“, а висината на грантот е 270.000.Тимот кој ќе работи на овој прокет брои девет членови од кои двајца ментори и седум ученици.

ФИРТ додели и грант во областа иновации во земјоделието, СОУУД „Димитар Влахов” од Струмица освои уште една награда со проектот „Индиго Росе (Вид на црн патлиџан кој се одгледува во регионот на Струмица)”. За овој проект освои награда во вредност од 225.000,00 денари, а ќе го спроведат шест членови.

Калина Трајкоска

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk