Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Во Битола за првпат месецов се одржа фестивалот „Music Tech Fest“. Станува збор за фестивал посветен на иновации во кој учествуваат хакери, иноватори, старт-ап инкубатори, претприемачи, како и музички ентузијасти од целиот свет. На настанот се развиваат нови софтверски и технолошки идеи, концепти и продукти и се планира нивна понатамошна имплементација во различни сфери како музика, забава, индустрија, социјално претприемништво итн.

Niz Hodnicite Fetival Bitola 2Фестивалот во Битола беше пандан на ист ваков во Стокхлом, Шведска, а двајца средношколци од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, Андреј Антуновиќ и Андреј Мицков, беа меѓу учесниците. Тие заедно со хакери од САД и Шведска беа дел од таканаречен „Хакатон“ кој работеше на темата „Geographically Challenged Creativity – Remote Development Challenge“ односно соработка која совладува географски граници.

Niz Hodnicite Fetival Bitola 3Во развојот на нивниот проект „TuneIn“, учествуваа уште еден тим и старт-ап компанија, со цел да ја развијат идејата понатаму и да му дадат можна иднина како производ сочинет од јавни инсталации ширум светот. Целта на проектот е луѓето од различни земји да можат да компонираат музика заедно. Тимот победи благодарение на иновативната идеа, како и нејзината успешна реализација без разлика на бариерата која ја претставуваше физичката раздалеченост.

Фестивалот „Music Tech Fest“ првпат се одржа во Лондон во 2012 година. До оваа година, настанот се одржуваше исклучиво на една локација, а Битола влезе во историјата на фестивалот бидејќи успеаа да одговорат на предизвикот и покрај тоа што учесниците беа од повеќе локации.

Инаку, на 8 и 9 септември се организираше паралелен настан „Music Tech Fest Macedonia“, што резултираше со победнички тим и признание од организаторите на Music Tech Fest- Стохолм.

Настанот во Битола го поддржа и Фондот за иновации и технолошки развој од каде одржаа разни презентации, меѓу кои и за инвестиции во иновативни претпријатија.

Андреј Антуновиќ, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk