Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

За да се справиме со меѓуврсничкото насилство кај тинејџерите, прво мора да се свестиме дека овој проблем реално постои, потоа секое училиште да си детектира какви форми на булинг постојат низ ходниците и од кои побуди, а родителите и наставниците, пак, треба да градат доверба со децата за тие да се осмелат да пријават

str 3 BULING TEMA NA MESECOT mars veles 2Од давање прекари, навредливи кометари, озборување и потсмевање до крадење или уништување на тетратки или опрема за физично, пишување графити, избегнување и изолација на соученик, физичко насилство и малтретирање на социјални мрежи е сето она што може да се смести во категоријата булинг или врсничко насилтво.

И кон сето тоа, неопходно е сите фактори – родителите, децата, наставниците и институциите, здружено да одговорат: „Доста е!“.

Доста е бидејќи состојбата со булингот во училиштата во Реппублика Македонија е алармантна.

- Дека состојбата во училиштата во Р.Македонија е алармантна зборуваат големиот број на наставници и ученици кои се жалат и постојано укажуваат на зголемениот број случаи на врсничко насилство во училиштата како и за потребата од актуализирање на овој проблем на пошироко општествено ниво.  Загрижува и ескалацијата на насилното однесување во однос на зголемен број случаи. но и во однос на формите и степенот на насилство кој се изразува, како и употребата на технологиите за тоа насилство да се сними и дистрибуира со што кругот на насилство дополнително се шири – вели Ана Битољану од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Алармантната состојба го вклучи алармот кај „Меѓаши“, па тие месецов започнаа Кампања против меѓуврсничкото насилство/булингот насловена „Булинг – Не во моето училиште!“. Маршот кој го организираа во Велес на Светскиот ден на мирот (21 септември) беше посветен токму на овој проблем.

Од Првата детска амбасада велат дека главната цел на кампањата е подигање на свеста за сериозноста на булингот, но свесноста дека постои насилсво и негово препознавање е само порвиот чекор во спрвувањето со овој проблем.

- Постојано укажуваме дека е потребно препознавање, навремено и адекватно реагирање на различни случаи на врсничко насилство. Врсничкото насилство вклучува широка лепеза на однесувања кои се повторуваат меѓу врсниците со намера да се навреди или повреди другиот и во справување со истото потребно е да се применуваат различни средства. Но, пред се треба да пратиме јасна порака дека врсничкото насилство не е прифатливо и не смее да се третира како „деца се, се караат па ќе се смират“ – вели Битољану.

str 3 BULING TEMA NA MESECOT press2Она што е потребно се долгорочни и адекватни стратегии кои градат училишта и општество нетолерантни на насилство.

Меѓутоа, за да се дојде до тоа, булингот мора прво да се препознае бидејќи формите во кои се јавува насилството се различни од училиште до училиште, исто како и корените и побудите за истото. Затоа, од „Меѓаши“, ги поттикнуваат училиштата од своите ученици да добијат информации кои видови на насилство се позастапени во нивната средина за да се знае како да се делува понатаму.

Oд првата детска амбасада потенцираат дека за уличиштата да му се спротистават на булингот потребна е едукација на наставниот кадар, во школите каде нема да се создадат протоколи како треба да се реагира за спречување на врсничкото насилство, оние училишта кои имаат развиено некаква стратенија, пак, истата да ја споделат.

- Наставниците во своите училишта. Исто така, треба да разговараат и со колегите и со учениците на овие теми, да воспостават јасни протоколи и да проверат со учениците дали знаат како и каде да се обратат доколку се жртви или сведоци на насилство – вели Битољану.

Кога се во прашање родителите, од „Меѓаши“, ги советуваат да разговараат со своите деца за булингот, да внимаваат на промените во нивното однесување и да градат однос на доверба за детето да може, ако е жртва на насилство, што побрзо и полесно да каже што му се случува.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk