Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Најдобрите спортски екипи од средните скопски училишта постигнаа одлични резултати на натпреварите во повеќе спортови во германски Нирнберг каде нашите средношколци се натпреваруваа со нивните врсници од овој збратимен град на Скопје.

Генералниот резултат кој го постигнаа скопските тимови е шест победи и еден пораз. Тие победија во машка и женска конкуренција во кошарка и во ракомет, женската екипа оствари победа во одбојка, а машката во футсал. Единствениот пораз го имаше женската екипа во футсал.

Покрај спортските натпревари, учениците од Скопје имаа можност да прошетаат низ Нирнберг и да ги посетат знаменитостите на градот, како и да се дружат во зоолошката градина.

Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Нирнберг се продолжение на праксата  за организирање вакви натпреварувања,  какви што во изминатите години се организираа во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk