Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Македонското издание на овој фестивал е најважниот кој се случува надвор од Македонија, тој е повеќе од гледање филмови, се организира од младите за младите. Тука никој не се срами да каже што мисли, тука секој со секој се спријателува и го покажува својот талент.

Околу 600 ученици годинава беа дел од Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје, кој се одржува случува секоја година. Местата бргу се пополнуваа и секое фестивалско издание доаѓаат нови генерации на млади кои не се срамат да го кажат својот став, креативни се и отворени за дискусија.

Годинава е шести пат како се одржува овој фестивал кој е дел од мрежата фестивали на најзначајниот културен настан за млади во светот „Џифони Експириенс“ (Giffoni Experience). Настанот е наменет за средношколци од прва до четврта година средно образование, а отворен е и за ученици од шесто до деветто одделение. Во моментов, според извршниот директор на фестивалот Дарко Башески, „Џифони Македонија“ е најдобриот и најсилниот фестивал во рамките на „Џифони Експириенс“.

Dzifoni go slusa glasot na mladite ne im sudi i im ja slavi kreativnosta 1- „Џифони Македонија“ започна како иницијатива на Џифони Италија да се направи фестивал во друга земја. Младите во Македонија ја прифатија идејата и ја спроведуваат ефективно последниве неколку години, па директорот Клаудио Губитози реши дека македонскиот фестивал е најважниот настан надвор од Италија на меѓународно ниво – вели Башески.

„Џифони“ е многу повеќе од гледање на филмови. Во траење од пет дена, секој кој учествува станува дел од заедница на „Џифони“. Сите се изолирани од тоа што се случува во надворешниот свет и низ активности сите заедно ги поминуваат петте дена.

Фестивалот е можност за културно издигнување на младите со гледање на филмови кои поттикнуваат дијалог, филмови кои секого го копкаат да размисли поинаку и да го открие што тоа се крие зад прикажаните сцени на платното. За време на дискусијата, се искажуваат секакви мислења и секое од нив има свое значење. На овој фестивал секој е еднаков, затоа што „Џифони Македонија“ не прави поделби по ниедна основа, ниту религиска, ниту етничка, ниту национална... „Џифони“ и луѓето не ги осудуваат туѓите мислења и на секого му даваат еднаква шанса да се искаже.

- Целата идеја и пораката е потекната од „Џифони Италија“, од креаторот Клаудио Губитози. Фестивалот никогаш не е ист како претходната година, тој се надградува и подобрува. Главниот концепт е искуство, идеја, комуникација и дружење со учесници од сите земји. Тоа разменување на идеи и искуства меѓу нациите прави баланс меѓу нив. Тие доаѓаат од различни позадини, култури, религии, а сепак едно нешто ги сплотува  - филмот  – потенцира извршниот директор.

Покрај филмови, на фестивалот се организираат и работилници. Работилниците се поврзани со визуелната уметност, па има работилници за: театар, танц, ликовна уметност и музика за основците, додека пак сценарио и креативно пишување, едноминутен филм, костимографија, филмска маска, анимација, фотографија и „one take“ видео за средношколците.

Волонтери и оние кои претходно учествувале на фестивалот ги водат едициите на „Џифони“. Тие се креативниот ум кој стои зад активностите во текот на петте денови. Тие координираат и се грижат сѐ да помине во најдобар ред.

Dzifoni go slusa glasot na mladite ne im sudi i im ja slavi kreativnosta 2- Во овие години го преместуваме концептот на фестивалот, тој да е за младите но и да припаѓа на младите. Добар дел од младите тука се инволвирани во самиот фестивал, како волонтери, како модератори... Секоја година фестивалот го унапредуваме со идеи од младите, самите кажуваат што сакаат, програмата се креира од нив. Овдешната филмска програма е избор на најдоброто од „Џифони Италија“ – раскажува Башески.

„Џифони Македонија“ не е нешто за кое може само да се зборува, туку треба да се доживее. Тоа го потврдуваат и учесниците. Тие се оние кои најубаво ја доловуваат целта, пораката како и моќта и можноста која ја дава „Џифони Македонија“.

- Нас младите секојдневно ни се наметнати туѓи мислења, туѓи стилови на живот и нашата креативност е ограничена со цел да бидеме онакви како што ни вели општеството. Ваков културен настан ни овозможува нашиот глас да е чуен и испочитуван, а нашите таленти и вредности наградени. Ни дава избор и слобода да се истакнеме на полето кое ние ќе го избереме и да покажеме што знаеме и умееме. Ни дава чувство на учество и соработка и ни овозможува да станеме дел од тим, тимот на Џифонци – вели Искра Целакоска.

Таа вели дека една од главните цели на фстивалот е учесниците да се пронајдат себеси уште на млади години.

- Преку филмовите, дискусиите и безбројте активности достапни за сите деца, покрај тоа што „Џифони“ игра огромна едукативна улога, исто така овозможува секое дете да се забавува и да ги гради своите социјални вештини со врсниците. „Џифони“ пренесува порака за еднаквоста, важноста на пријателството, слободно размислување и љубов. Ја поттикнува креативноста, го стимулира младиот ум  да размислува слободно и покомплексно и ја нагласува важноста и влијанието на филмот кај младите. Секоја година, „Џифони Македонија“ одлично го пренесува самиот дух и позитивна енергија на „Џифони Италија“ на македонската младина – нагласува Целакоска.

Dzifoni go slusa glasot na mladite ne im sudi i im ja slavi kreativnosta 3Искството од фестивалот е бесценето и за Анастасија Јуруковска, уште еден член на Џифони фамилијата. Како што вели таа, на фестивалот младите си имаат свој посебен начин на разбирање.

- Сите чувства што ги имам се до максимум. Целата дружба, трчањето низ фестивалот и сè она што се случува поминува со огромна еуфорија. Со секој посебно со кои се запознавам на фестивалот имам посебен начин на разбирање и комуникација, познат само за нас – вели Јуруковска.

Петте дена поминати на годинешното издание, како и искуството на учесниците од минатите години, недвосмислено ја испраќаат порака дека „Џифони Македонија“ е фестивал кој ниеден млад човек не смее да го пропушти затоа што му дава незаборавна можност за креирање на критички став, дружење и ослободување на духот и енергијата.

Автор: Стефан Митиќ, ученик во СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk