Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Учениците сведочат дека џоинт може да се купи за цена од 300 до 500 денари во зависност од квалитетот и не е тешко да се пронајде. Истражувањата, пак, покажуваат оти марихуана барем еднаш во животот пробале пет отсто од тинејџерите на возраст од 16 години, како и тоа дека најчесто првпат се употребува на 15 годишна возраст.

tabela 1tabela 2

Речиси и да не постои трафика или помала продавничка во која на еден малолетник-средношколец нема да му дозволат да купи кутија цигари. Ретки се и средините, без разлика дали во Скопје или во внатрешнста, во кои не можеш да најдеш дилер ако сакаш да набавиш марихуана. За една, жаргонски кажано „шибица“ од која може да се „замотаат“ до три џоинта, во просек се плаќа од 300 до 500 денари. Јавна тајна е на кои места во градот и од кого можеш да купиш, потребно е само малку да се распрашаш. Уште повеќе загрижува и податокот што препродавачи постојат и меѓу средошкоците, па марихуаната станува полесно достапна за тинејџерите.


До ваков заклучок дојдовме откако разговаравме со неколку средношколци од Скопје и од внатрешноста за тоа колку марихуаната и други психоактивни супстанци им се лесно или тешко достапни на младите во Македонија.

- Мислам дека не е воопшто тешко да се набави ако се сака. Како што сум запознаен, џоинт можеш да купиш за 500 денари, поквалитетен, а можеш и за 300, но тој не е толку квалитетен бидејќи е мешавина. Знам едно-две места каде и од кој може да се купи, има кафулиња во кои можеш да најдеш некого кој ќе ти продаде – раскажува средношколец од Источна Македонија, кој сакаше да остане анонимен.

Дел од нашите соговорници велат дека дрога може да се набави и во училиштата и младите си знаат од кого може да набават.

- Може да се купи и во школо. Постојат и училишта кои ги бие глас дека таму е пораспространета во споредба со некои други, па учениците таму ги нарекуваме „травари“ – вели наша соговорничка од Скопје.

Пет отсто пробале марихуана

Какви се актуелните состојби и кои се најновите трендови меѓу средношколците, наредната година се очекува да обелодени најновиот извештај за Употребата на цигари, алкохол и дроги кај училишната младина, кој во моментов се подготвува. Станува збор за истражжувањето ЕСПАД (European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs) кое се спроведува во најголемиот број држави во Европа на секои четири години, а во кое се вклучени ученици на возраст од 16 години. Тоа е подржано од Помпиду групата при Советот на Европа, како и од ЕМЦДДА (Европски мониторинг центар за дроги и зависност од дроги). Ова истражување во Македонија го спроведува Институтот за јавно здравје, а е поддржано од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

Досега, кај нас е спроведено четири пати, а последното од 2015-та покажува дека 5 отсто од средношколците на 16 годишна возраст, барем еднаш во животот пробале марихуана. Тоа е под европскиот просек кој изнесува 16 отсто.

Најголем дел од среношколците во Македонија, првпат употребиле марихуана на 15 години. Во послената година речиси 4 отсто од 16-годишниците одговориле дека користеле мрихуана, а 2,2 проценти во последниот месец. Почеста е застапеноста кај машките, а кога се во прашање градовите на прво место е Скопје, а потоа Гостивар, Штип и Тетово, па Куманово и Струмица.

Кога станува збор за достапноста на дрогата интересен е податокот дека на еден од пет ученици им било понудено марихуана.

„19,7 отсто од учениците изјавиле дека биле во ситуација да им биде понудено марихуана и да одбијат. За разлика од ова, на прашањето колку пати им било понудено марихуана, вкупно 27,7 отсто одговориле дека им било понудено марихуана. Притоа најчесто им било понудено во 1-2 прилики (20,4 отсто), или во 3-5 прилики (3,6 отсто). Над 10 пати им било понудено марихуана на 2,2 отсто од учениците. Само за споредба, во 2012 година 12,3 отсто од учениците изјавиле дека им било понудено марихуана без да пробаат (а во 2008 година овој процент изнесувал 9,6 отсто). На прашањето, пак, колку пати им било понудено без да пробаат марихуана во 2012 година овој процент изнесувал 23,6 отсто. Тоа говори дека се зголемува достапноста на марихуаната“, пишува во извештајот.

Ваквите податоци се резултатите добиени за 2.430 ученици на 16-годишна возраст од 82 средни учишита од вкупно 116 на територијата на Македонија.

Во истражувањето учениците споделувале и нивни ставови за тоа колку е достапна марихуаната. Повеќе од половина или 54 проценти одговориле дека е невозможно да се набави, 23 отсто не знаеле, 10 отсто сметаат дека е тешко (многу или доста), а 14 проценти одговориле дека е лесно (многу или доста) да се набави.

Употребата на екстази исто како и во Европа

Кога се во прашање другите поопасни психоактивни супстанци, кои во медицинскиот речник се познати и како стимулатори на централниот нервен систем, најупотребувана дрога помеѓу оваа популација се екстазите, потоа следат кокаин, амфетамин, метамфетамин и крек.

„2,1 проценти од учениците одговориле дека имаат користено екстази во текот на животот, од кои на 1,1 отсто тоа им се случило 1-2 пати во животот. Во текот на последната година 1,7 отсто од учениците изјавиле дека имаат користено екстази“, покажува истражувањето.

Просекот на употреба екстрази барем еднаш во животот од два отсто кај средношколците во Македонија е ист како и оној на ниво на Европа.

Повеќе од половина мислат дека марихуаната е ризична

Истражжувањето ЕСПАД ја претставува и сликата за тоа каков е ставот на учениците за ризикот од употреба на марихуана и други психоактивни супстанци. Така, 52,5 отсто сметаа дека пробувањето марихуана или хашиш (канабис) 1-2 пати е од голем ризик, а дека е со умерен сметаат нешто повеќе од 14 проценти. Со став дека нема или ризикот е мал се 9,1 односно 8,9 отсто. Со одговор „не знам“ биле околу 15 проценти.

Кога е во прашање редовното козумирање, процентот на оние кои сметаат дека тоа е голем ризик изнесува 69. Оние со став дека ризикот е умерен се нешто помалку од 7 отсто, додека нема или ризикот е мал одговориле 6,2 односно 2,7 отсто.

Употребата на екстази 1-2 пати во животот како голем ризик го сметаат 49 проценти од учениците, 16,5 како умерен ризик, а 6,5 и 6,7 сметаат дека нема или ризикот е мал. Околу 21 отсто не знаеле. Ако е во прашање редовно користење на екстази, оние кои сметаат дека станува збор за голем ризик се речиси 67 проценти, умерен 5,8, додека нема или мал е ризикот сметаат 5 односно 1,5 отсто од анкетираните средношколци. Останатите одговориле со „не знам“.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk