Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

poetski performansПреку рецитирање на песните на ирскиот поет Вилијам Батлер Јеитс и русинот Сергеј Есенин, средношколците од СУГС „Орце Николов“, во рамки на вечерен поетски перформанс, се запознаа со поезијата на истокот и западот.

Иницијатор на настанот беше гимназискиот професор по македонски јазик и литература, Душко Стојановски, а двигатели на целиот перформанс-Виктор Јовановски и Никола Стојановски, дипломирани компаративисти.

Двајцата ги рецитираа стиховите оригинал, додека учениците се погрижија за препевот.

Јовановски го претставил делото на Јеитс, а Стојановски на Есенин, по што следуваше анализа на нивната поезија.

Присутна публика не беа само учениците од јазично-уметничкиот смер, туку и од општествените и математичките смерови.

Професорот Стојановски, истакна дека Есенин и Јеитс, за жал едвај се споменати во училишните програми.

Автор: Јоана Тренеска, четврта година, СУГС „Орце Николов“-Скопје

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk