Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

По повод Новогодишните празници МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе по трети пат организира новогодишен фестивал и базар кој ќе се одржи од 25-27 декември.

sveti nikole vo novogodisno ruvo 2На манифестацијата се изложени штандови од рачно изработени предмети со новогодишни мотиви, рачно изработени празнични декорации подготвени од учениците на СОУ „Кочо Рацин“- Свети Николе, како и од основните училишта во градот: „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“, најмалите учесници од детската градинка „Рахилка Гонева“. На настанот активно се вклучени и студентите од МСУ „Гаврило Романович Державин“- Свети Николе. Сите сме активни чинители со мисли, идеи, изработки.

Тридневниот новогодишен фестивал е збогатен со културно-уметничка програма, драмски претстави, саем на книги, новогодишни коктели и забави. Настаните се изведуваат во просториите на МСУ „Гаврило Романович Державин“.

Хуманоста обединува

sveti nikole vo novogodisno ruvo 3Учениците од СОУ „Кочо Рацин“- Свети Николе во изминатиот период организираше низа активности со хуманитарна цел. Целта на активностите се состоеше во собирање на парични средства кои ќе бидат наменети за лекување на нашата сограѓанка Валентина Нунева  за пресадување на матични клетки во Русија. Учениците од нашето училиште во соработка со Црвен крст при општина Свети Николе и Дом на култура „Крсте Петков Мисирков“- Свети Николе активно се вклучија во реализација на низа активности се во духот на хуманоста.

Преку организирање на драмската претстава „Ентер“, средношколска забава и доброволно собирање на парични средства учениците докажаа колку е важна хуманоста во борбата за човековиот живот.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk