Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

По четврти пат, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше Медиумскиот ден за средношколците од Македонија.

Вкупно осум медиуми: дневниот весник Нова Македонија, МРТ1 Промо, TV21, TERA TV (Битола) и ТВ Плус (Куманово), ТВ Вис Струмица, Макфакс и Радио МОФ беа домаќини на над 130 ученици од Скопје, Дебар, Валандово, Богданци, Кавардарци, Велес, Битола, Куманово, Св. Николе.

Учениците можеа од своите домаќини новинари да дознаат повеќе детали за функционирањето на различни информативни редакции и медиуми, да дискутираат за новинарската професија, но и да дознаат повеќе за професионалните новинарски стандарди.

Во обиколката на весникот, на пример, средношколците беа запознаени со основните карактеристики на печатените медиуми, начинот на функционирањето на дневните весници, како и со новинарскиот производ во печатените медиуми и нивната улога во општеството.

Во Радио МОФ тие влегоа во студиото, се запознаа со техниките на радиоводителството и  снимањето емисии. Домаќините во телевизиите, пак, на учениците им ги презентираа студијата каде се снимаат вести, покажаа како изгледа собата за режија, како се прават вести за ТВ итн. Во Макфакс, тие имаа можност одблиску да се запознаат како изгледа еден работен ден во новинска агенција односно во „онлајн“ медиум, преку интерактивни вежби бараа новинарски грешки итн.

Средношколците истакнаа дека ваквите медиумски денови се добра можност за да се научи како функционираат медиумите и како да се распознаваат вистинските од лажни вести.

Медиумскиот ден се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, а со поддршка на Европската Унија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk