Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Средношколците од гимназијата „Цар Самоил“ во Ресен на креативен начин старите и искористени гуми ги пренаменија во канти за отпадоци. Од вулканизер ги земаа гумите, од цвеќара добија донации на бои и четки и за еден ден направија канти за отпадоци кои ги поставија во нивниот школски двор.

Средношколците се дел од „Еко герила – Преспа“, а целта на оваа акција им беше, не само да обезбедат место каде ќе се фрла отпадот, туку и да се види како дел од младите размислуваат за подобро општество.

Штом 15 члена група на млади луѓе чувствува одговорност кон оваа земја која ни е нам поклонета, значи можеме сите. Дајте да ја согледаме ситуацијата на нашето живеалиште малку подалеку и поинаку од досегашново. Ова што е сега, можеби по неколку децении нема да го имаме. Оваа земја не заслужува да биде уништена од нашата неодговорност. Со мали напори до големи промени“, порачаа еко-герилците од Преспа.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk