Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Со резултат 2:0 скопските одбојкарки ги победија подгоричанки. Ова е само една од вестите кои доаѓаат по натпреварите кои ги одиграа најдобрите спортски екипи од скопските училишта во Подгорица, Црна Гора.

Таму, месецов, средношколците во екипите од Скопје се натпреваруваа со нивните црногорски врсници во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција.

Домаќините се покажаа подобри во ракомет и со еден гол разлика го добија натпреварот против нашите ракометарки. Кај машките натпреварувачи во ракомет ситуацијата остана нерешена.

Во футсал машката екипа од Скопје извојува победа против Подгорица, додека женската изгуби.

Скопјани победија и во кошарка машка конкуренција, додека во женска победа запишаа домаќинките.

Натпреварите кои најдобрите спортски екипи од средните училишта  во Скопје оваа учебна година ги одиграа во Подгорица се дел од низата спортски патувања на скопските средношколци. Изминатите години спортските вештини тие ги покажаа и во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија Белград и Нирнберг. Само годинава од скопските средни училишта се формирани 245 тимови со вкупно 7.000 учесници. Сите заедно одиграа 1.000 натпревари во различни дисциплини.  Натпреварите финансиски ги покрива Градот Скопје, кој годинава истотака награди и 105 најдобри средношколски спортиски со стипендии од по 24.000 денари.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk