Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

pretpriemacka-poseta-prilepСредношколци од скопското училиште „Георги Димитров“ се запознаа со претприемничкиот процес при производството на тутун и пиво при посетата на Музејот и инстититот во Прилеп и Прилепската пиварница.

Во Музејот и институтот за тутун, учениците ги посетија лабораториите каде што се вршат истражувањата за можностите за примена на квалитетниот македонски тутун во фармаколошката индустрија. Тие се запознаа со вредни тутунски експонати и увидоа дека со соодветно брендирање и правилна употреба, тутунот може многу да придонесе за економскиот развој на прилепскиот регион.

Во Прилепската пиварница учениците го набљудуваа целосниот производен процес на пивото - од јачмен, хмељ, квасец и вода до дизајнирани шишиња. Тие разговараа и за претприемничкиот потенцијал на фабриката која постојано го развива производствениот процес и бизнисот.

Посетата се реализираше во рамки на предметот Бизнис и претприемништво.

Ана Јанева, ученичка во СУГС „Георги Димитров“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk