Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Макети за пренамена на некои од атрактивните простори во скопско Дебар Маало, фотоприказни за загадувањето на природната околина во Македонија, хербариум и фаунариум кои го прикажуваат биодиверзитетот во градовите. На овој начин кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ му беше претставена на принцот Едвард, грофот од Весекс, на приемот што во негова чест го организираше Британската амбасада во Скопје.

Синот на кралицата Елизабета Втора во текот на мај ја посети земјава, а на настанот кој на 16-ти месецов се организираше во Националната филхармонија, меѓу останатото, тој виде и слушна што имаат да покажат и кажат средношколци од повеќе градови од Македонија. Тие го пренесоа нивниот став против загадувањето на животната средина, што го претставија преку фотоприказни и видеа на средношколскиот конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Студентите од Архитектонскиот факултет, пак, му објаснија на принцот Едвард дека во една од најатрактивните локации за живеење во Скопје, Дебар Маало, интензивно се гради, а со тоа се намалуваат јавните простори и квалитетот на животот на граѓаните. Оттаму, тие му ги претставија нивните решенија преку макети, постери и видеа како да се надокнади изгубеното и да се пренаменат постојните локации.

 Иако интензивната урбанизација и загаденост во градовите создава чувство дека нема простор за природата и животинскиот свет, сепак урбаните области се живеалишта на голем број автохтони и ендемични видови. Затоа од Институтот за биологија беа изработени урбан хербариум и фаунариум, за да се покаже како човекот влијае врз биодиверзитетот и да се евидентираат видовите кои се присутни во градската средина, но и оние кои исчезнале.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk