Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Пекол, чистилиште и рај. Ако се споменат овие три збора веднаш умот оди кај „Божествената комедија“ на италијанскиот поет Данте Алигиери. Таков е случајот и со петте средношколки во струмичката гимназија „Јане Сандански“. Во вториот дел од ова најпознато дело на Италијанецот, струмичанките Викторија, Мија, Лина, Верица и Ивана ја пронашле инспирацијата за проектот по кој веројатно и најмногу ќе ги паметат средношколските денови. „Porgatorio“ е латинскиот збор за „чистилиште“, а тие решиле да го искористат и на своите врсници да им понудат едно поинакво чистилиште од она духовното за кое зборува Алигиери. Телесно. А, како тоа, ако не преку здрава храна.

Креативните соученички со менторската помош на професорките Стаменка Џорлева и Македонка Манушева, пред неколку месеци разработија идеја да отворат ресторан за здрава храна во самото училиште. Идејата пред три месеци стана реалност: ресторанот за здрава храна во гимназијата почна да работи на 1 март годинава. Со него менаџираат професорките, работата ја вршат волонтерски учениците, а има и еден вработен.

- Ученичките го согледаа проблемот и го дадоа решението за него. Претприемништвото е раширено кај младата популација – вели професорката Џорлева.

Професорките очекуваат дека нивната идеја ќе ја следат и училиштата од цела Македонија и оти брзата храна полека-полека, колку тоа тешко и да им изгледа на учениците, ќе почнат да ја заменуваат со здрава.

На почетокот на учебната година го виделе повикот од УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој за програмата „Лансирање на креактиватор лабараторија и имплементација на програмата за социјално претприемништво на млади – UPSHIFT“. Аплицирале, а набргу стигнала добрата вест дека од 100-те апликации, нивната е во првите 10 најдобри, по што заминале на тридневна работилница каде се разбработувале идеите. На оваа работилница бил стеснет кругот на најдобрите пет, меѓу кои се нашле и тие. Затоа во ноември лани добиле 120.000 денари за идејата да прерасне во стварност и за тоа имале рок од три месеци. Како локација за ресторанот го одбрале просторот во училиштето каде порано имало ресторан за, како што велат, нездрава храна. Парите ги искористиле за да го реновираат просторот, за инвентар и бела техника. Но, сфатиле дека сумата која ја добиле, ни одблиску не е доволна ако сакат до крај и квалитетно да го реализираат проектот. Затоа, со спонзорства од локалните фирми успеале да го реновираат и опремат просторот, кој сега е место каде средношколците покрај тоа што можат да јадат, можат и да слушаат музика и да се дружат, како и место погодно за организирање предавање, школски базари итн.

На менито во „Porgatorio“ може да се најде само здрава храна која се произведува во соработка со локалните земјоделци во Струмица. Има дневни менија со вегански, пилешки и сендвич со туна, како и со четири видови на сирење. Се нудат и  пецива кои се исклучиво направени со интегрално брашно и без сувомеснати производи. Во струмичното „чистилиште“ се нудат и торти со киви и јаболка, палачинки...

Засега се задоволни како се развива бизнисот, но најбитно е, велат, да се развијат здравите навики кај учениците. Иако не се редовни, најголем дел од учениците се повремени потрошувачи, што кај професорките им дава надеж оти расте свеста кај младата популација дека храната е најважна за здрав и правилен развој.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk