Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Онлајн база на податоци од која може да се види каде сѐ има ѓубре и во која секој може да пријави каде има дива депонија за да може да се реагира. Ова е можноста која ја создаде Теодор Богоески, средношколец во прва година во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“. Тој креираше апликација која ја нарече „TrashМap - Пријави ѓубре“ и е достапна преку интернет-продавницата на „Play Store“. Програмските јазици што си ги учел преку Интернет, ги применил во идејата да креира нешто кае сите може да придонесат за подобра животна средина. Теодор апликацијата ја направил сам, а веднаш по објавувањето таа почна бргу да се шири.

„Медиум“: За каква апликација станува збор, за што служи и кој може да ја користи?

Теодор: Станува збор за апликација која служи да се обележат на мапа сите места на кои има ѓубре на територијата на Македонија. Многу е едноставна и може да ја користи секој кој има мобилен телефон. Едноставно, само се фотографира ѓубрето, се избира локација каде се наоѓа и на крај фотографијата се поставува. Се добива прегледност на сите места со ѓубре што може да им послужи на надлежните институции и на граѓаните да се информираат и да преземат мерки за чистење.

„Медиум“: Од каде идејата и зошто се реши да креираш ваква апликација?

Теодор: „TrashМap“ ја направив самоиницијативно, а целта ми беше да помогнам на некој начин да се разбуди свеста кај сите граѓани за состојбата со загадувањето и неодговорното однесување со отпадот. Сакав да најдам поедноставен начин за да им помогнам на сите оние на кои им пречи ѓубрето, а не преземаат ништо. Идејата дојде спонтано. Секојдневно коментираме дека е нечисто, дека има многу расфрлано ѓубре насекаде и сето тоа трае. Кога ќе го одминеме, го забораваме. Затоа, помислив дека треба да се направи нешто во моментот кога ќе го забележиме ѓубрето. Апликацијата нуди можност веднаш штом ќе забележиме ѓубре, да го фотографираме и да го поставиме на мапа. На тој начин без одлагање помага во решавање на проблемот со загадувањето.

„Медиум“: Откако ја направи апликацијата доби ли некаков „фидбек“ ? Дали некој се заинтересира за апликацијата?

Теодор: Апликацијата предизвика интерес веднаш откако беше објавена. За околу една недела имаше повеќе од сто симнувања, а истовремено и беа постирани повеќе фотографии. На некои од локациите беше интервенирано и ѓубрето беше исчистено. Инаку добив поддршка најмногу од невладините организации кои се занимаваат со еко-активности. Би сакал да се заблагодарам на активистите од „Не биди ѓубре“, кои први ми дадоа поддршка и ме охрабрија. Интерес има и од други организации, а се надевам дека и надлежните од општините ќе ја разберат функцијата на оваа апликација и сите заедно ќе придонесеме за почиста и поздрава Македонија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk