Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Изум кој ја фас­ци­ни­ра­ше ле­кар­ска­та фе­ла и изум кој до­а­ѓа ка­ко прв во ме­ди­ци­на­та кај нас по 25 го­ди­ни е шпри­цот што го из­мис­ли 16-го­диш­ни­от Са­шо Јан­дре­ски од При­леп. Тој на овој про­ект ра­бо­тел ре­чи­си ед­на го­ди­на и ус­пеа да соз­да­де уни­ка­тен шприц кој­што се­га е па­тен­ти­ран и со ко­го на­ред­на­та го­ди­на ќе се по­ја­ви на нај­го­ле­ми­от ко­мер­ци­ја­лен са­ем во све­тот

Ако оти­де­те во при­леп­ска­та гим­на­зи­ја „Мир­че Ацев“ и пра­ша­те за Са­шо Јан­дре­ски, те­шко ќе нај­де­те уче­ник или про­фе­сор кој не слуш­нал за не­го. Слич­на би би­ла си­ту­а­ци­ја­та и ако про­ше­та­те низ При­леп. А при­чи­ни­те зо­што е тоа та­ка се и по­ве­ќе од оправ­да­ни. Са­шо е најм­ла­ди­от ино­ва­тор во ова сред­но учи­ли­ште, тој има 16 го­ди­ни и е уче­ник во вто­ра го­ди­на.

Овој гим­на­зи­ја­лец из­мис­ли и па­тен­ти­ра­ше нов, уни­ка­тен шприц за ин­је­кти­ра­ње ле­ко­ви,  кој ќе би­де од го­ле­ма ко­рист во ме­ди­цин­ски це­ли. Со не­го­ви­от шприц се спре­чу­ва­ат по­вре­ди од иг­ла кај здрав­стве­ни­те ра­бот­ни­ци и, уште по­важ­но, се за­шти­ту­ва­ат од евен­ту­ал­на за­ра­за од Хе­па­тит Б и Ц.

Сред­но­шко­ле­цот ра­бо­те­ше на об­ли­ку­ва­ње на про­то­ти­пот ре­чи­си ед­на го­ди­на, со тим од три про­фе­сор­ки кои му да­доа без­ре­зерв­на под­др­шка. Не­го­ва­та ино­ва­ци­ја до­а­ѓа ка­ко прв изум во ме­ди­ци­на­та кај нас по 25 го­ди­ни.

Ако го пра­ша­те од ка­де до­шол до иде­ја­та, Са­шо ќе ви рас­ка­же де­ка уште ка­ко ос­но­вец во­лон­ти­рал во Служ­ба­та за ит­на ме­ди­цин­ска по­мош во При­леп и тоа го инс­пи­ри­ра­ло да дој­де до ед­на свет­ска иде­ја ко­ја ги фас­ци­ни­ра­ше и нај­ус­пеш­ни­те до­кто­ри и лу­ѓе од об­ла­ста на ме­ди­ци­на­та. Гим­на­зи­ја­ле­цот го прив­ле­че вни­ма­ни­е­то и на пре­тсе­да­те­лот Сте­во Пен­да­ров­ски пред ко­го го пре­зен­ти­ра­ше изу­мот ко­га бе­ше дел од де­ле­га­ци­ја­та на На­ци­о­нал­на­та асо­ци­ја­ци­ја на про­на­о­ѓа­чи на Ма­ке­до­ни­ја ко­ја го по­се­ти пре­тсе­да­те­лот. След­на­та го­ди­на, Са­шо со не­го­ви­от па­тент ќе се по­ја­ви и на нај­го­ле­ми­от ко­мер­ци­ја­лен свет­ски са­ем во Мос­ква, Ру­си­ја.

Ан­га­жи­ран око­лу па­тен­ти­ра­ње­то на сво­јот про­нај­док, во­лон­терс­тво­то, учи­лиш­ни­те об­вр­ски, учес­тво­то на нат­пре­ва­ри, пре­зен­та­ции, про­мо­ции, сред­но­шко­ле­цот-ино­ва­тор од­вои вре­ме да од­го­во­ри и на не­кол­ку пра­ша­ња за сред­но­школ­ски­от вес­ник „Ме­ди­ум“.

Ме­ди­ум: Ка­ко дој­де до иде­ја­та за кре­и­ра­ње на шпри­цот и кол­ку вре­ме ти тре­ба­ше да ја ре­а­ли­зи­раш?

Са­шо: Пред сè, за са­ма­та иде­ја до неј­зи­но­то це­лос­но офор­му­ва­ње од­нос­но до­а­ѓа­ње до па­тен­тот беа по­треб­ни око­лу 10 ме­се­ци. Це­ло­куп­ни­от мо­дел тр­пе­ше про­ме­ни во те­кот на изра­бо­тка­та и осоз­на­ва­ње­то на оној уни­ка­тен мо­дел кој ги за­до­во­лу­ва оние кри­те­ри­у­ми што сум ги по­ста­вил на по­че­то­кот од истра­жу­ва­ње­то.

Ме­ди­ум: Мо­жеш ли да ни ка­жеш не­што по­де­тал­но за ме­ха­низ­мот на тво­јот шприц?

Са­шо: Ме­ха­низ­мот и уни­кат­но­ста на шпри­цот, ком­па­ра­тив­но зе­ме­но, се ка­ко по­вр­за­на це­ли­на, не се од­во­ју­ва­ат ед­на од дру­га, со тоа што са­ми­от ме­ха­ни­зам не доз­во­лу­ва па­ци­ен­тот да има ни­ка­ков кон­такт со здрав­стве­ни­от ра­бот­ник при ап­ли­ци­ра­ње на те­ра­пи­ја­та без раз­ли­ка да­ли е вен­ска или му­скул­на.

Ме­ди­ум: Што го пра­ви тво­јот шприц по­раз­ли­чен од оној обич­ни­от?

Са­шо: Раз­лич­но­ста на мо­јот мо­дел со мо­де­ли­те на шпри­цо­ви кои се ко­ри­стат де­нес е тоа што мо­јот мо­дел не овоз­мо­жу­ва да дој­де до по­вре­да со иг­ла од­нос­но про­цен­ту­ал­на­та вред­ност е све­де­на на ми­ни­мум со тоа што ги за­шти­ту­ва­ме здрав­стве­ни­те ра­бот­ни­ци од Хе­па­тит Б и Ц.

Ме­ди­ум: Кои се тво­и­те ид­ни пла­но­ви во вр­ска со тво­ја­та иде­ја?

Са­шо: Пла­но­ви­те се­ко­гаш ги оста­вам да те­чат спон­та­но. Ни­ко­гаш не го пла­ни­рам вре­ме­то од­на­пред. Еве на­ско­ро, во те­кот на 2020 го­ди­на ќе ја по­се­ти­ме Ру­си­ја, по­точ­но Мос­ква, при што ќе учес­тву­ва­ме на нај­го­ле­ми­от ко­мер­ци­ја­лен свет­ски са­ем.

Ме­ди­ум: Да­ли има­ше под­др­шка од струч­ни ли­ца или се­то ова го по­стиг­на сам?

Са­шо: Што се од­не­су­ва за под­др­шка­та - да, нор­мал­но е да имам и под­др­шка и не­кој што ќе ме по­ткре­пи по­ра­ди тоа што ва­ков то­вар ус­пе­ав да го из­но­сам на мо­јот грб. Три­те про­фе­сор­ки кои ра­бо­тат со ме­не се­ко­гаш се ту­ка да ми го чу­ва­ат гр­бот, а исто та­ка зад ме­не за­ста­на и ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва на При­леп, ка­ко и при­ват­на­та ком­па­ни­ја „Ком­фи Ан­гел“ (Comfy Angel).

Автор­ка: Ве­ро­ни­ка Ку­ке­ска, уче­нич­ка во тре­та го­ди­на во СОУ „Мир­че Ацев“ - При­леп

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk