Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

На 20 но­ем­ври 1989 го­ди­на, во ге­не­рал­но­то со­бра­ние на Обе­ди­не­ти­те на­ции во Њу­јорк бе­ше пот­пи­ша­на Кон­вен­ци­ја­та за пра­ва­та на де­те­то. Со неа се оза­ко­ни де­ка де­ца­та се ин­ди­ви­дуи кои не при­па­ѓа­ат на сво­и­те ро­ди­те­ли и тие тре­ба не­пре­че­но да ужи­ва­ат во дет­ство­то, од­нос­но до 18-го­диш­на во­зраст. Во рок од 30 го­ди­ни, стап­ка­та на смрт­ност кај де­ца до 5 го­ди­ни се на­ма­ли на 50 про­цен­ти, ско­ро по­ло­ви­на од нез­гри­же­ни­те де­ца се згри­же­ни и 2,6 ми­ли­јар­ди де­ца има­ат чи­ста во­да за пи­е­ње, но сѐ уште има про­стор за по­до­бру­ва­ње и ра­бо­та.

Свет­ски­от ден на де­ца­та (20 но­ем­ври) низ све­тот се од­бе­ле­жу­ва со раз­лич­ни актив­но­сти. Кај нас, во Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, УНИЦЕФ и Мла­дин­ски­от обра­зо­вен фо­рум ор­га­ни­зи­раа т.н. „пре­зе­ма­ње“ (#KidsTakeOver) на Вла­да­та од де­ца и мла­ди лу­ѓе. Во вла­ди­ни­от об­јект на за­ед­нич­ка ма­са се­деа мла­ди лу­ѓе за­ед­но со пре­ми­е­рот и ми­ни­стри­те и го­во­реа на 6 те­ми: ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то, не­вра­бо­те­но­ста, ква­ли­те­тот на обра­зо­ва­ни­е­то, мла­дин­ско­то учес­тво, на­силс­тво­то и инк­лу­зи­ја­та. Се­кој млад го­вор­ник има­ше уло­га на мла­дин­ски за­стап­ник. Пред на­ста­нот, 21 млад чо­век од це­ла Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја ги раз­ра­бо­ту­ваа овие шест те­ми на трид­нев­на­та обу­ка.

Еден од го­вор­ни­ци­те бев и јас, Сте­фан Ми­тиќ, сред­но­шко­лец во гим­на­зи­ја­та „Ор­це Ни­ко­лов“ од Скоп­је.

Сво­јот го­вор го за­поч­нав со тоа што ги пра­шав при­сут­ни­те ка­ко дош­ле на овој на­стан. Збо­ру­вав за тоа де­ка јас во­зам ве­ло­си­пед без раз­ли­ка на вре­мен­ски­те ус­ло­ви, за­тоа што мис­лам де­ка ќе по­мог­нам да се на­ма­ли за­га­ду­ва­ње­то. Истак­нав де­ка ком­па­ни­и­те, ин­ду­стри­ја­та и др­жа­ва­та не пре­зе­ма­ат ни­што за да се про­ме­ни со­стој­ба­та со за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот. Се по­ви­кав на Ар­ху­ска­та кон­вен­ци­ја ко­ја на­ла­га пра­во на ин­фор­ми­ра­ност. Ме­ѓу­тоа, проб­ле­мот е што ка­ко гра­ѓа­ни не­ма­ме точ­на ин­фор­ма­ци­ја кол­ку е за­га­ден воз­ду­хот. Изд­во­ив 4 клуч­ни ас­пе­кти во кои ние ка­ко мла­ди­на гле­да­ме проб­лем – не­со­од­вет­но­ста на си­сте­мот со мер­ни ста­ни­ци низ це­ла­та др­жа­ва, гре­е­ње­то на др­жав­ни ин­сти­ту­ции со фо­сил­но­то го­ри­во ма­зут, вли­ја­ни­е­то на за­га­ду­ва­ње­то од ин­ду­стри­ски­те по­го­ни и по­греш­на­та рас­пре­дел­ба на енер­гет­ски ре­сур­си во пог­лед на об­нов­ли­ви­те из­во­ри. Го за­вр­шив сво­јот го­вор со тоа што ка­жав де­ка мла­ди­те го пре­поз­на­ва­ат проб­ле­мот и да­ва­ат кон­крет­ни ре­ше­ни­ја, а во­зрас­ни­те са­мо збо­ру­ва­ат за не­го.

Ми­ха­е­ла Трај­ко­ска ја об­јас­ни неј­зи­на­та ди­ле­ма по­вр­за­на со про­дол­жу­ва­ње на ка­ри­е­ра­та. Таа се дво­у­ми по­ме­ѓу ос­тва­ру­ва­ње ка­ри­е­ра бли­ску до се­мејс­тво­то и при­ја­те­ли­те или за­ми­ну­ва­ње од др­жа­ва­та во по­тра­га по по­до­бри ус­ло­ви. Ми­ха­е­ла ве­ли де­ка не­вра­бо­те­но­ста на мла­ди­те е ви­со­ка по­ра­ди не­со­од­вет­но­то обра­зо­ва­ние и спо­ред неа, мла­ди­те има­ат ло­ша пер­цеп­ци­ја кон струч­но­то обра­зо­ва­ние и по­ба­ра да има Цен­тар за ка­ри­е­ра во се­кој град.

  • Тре­ба да има рас­пре­дел­ба на про­фе­си­и­те и по­тре­би­те на тру­дот – истак­на Ми­ха­е­ла.

Би­се­ра Шег­ма­но­виќ ја наг­ла­си не­до­вол­на­та опре­ме­ност на одре­де­ни учи­ли­шта низ зем­ја­та. Таа ја опи­ша уло­га­та на уче­ни­кот ка­ко па­си­вен слу­ша­тел за вре­ме на учи­лиш­ни­от час и ка­жа де­ка иа­ко не­кои учи­ли­шта има­ат мо­дер­на тех­но­ло­ги­ја, ка­ко што се па­мет­ни­те таб­ли, про­фе­со­ри­те не се обу­че­ни да ги ко­ри­стат. Таа го спом­на ре­зул­та­тот од те­сти­ра­ње­то „ПИСА“, кое ја пла­си­ра­ше Ма­ке­до­ни­ја на 68 ме­сто од 70 др­жа­ви, што е до­каз за функ­ци­о­нал­на­та не­пис­ме­ност на уче­ни­ци­те. На крај, Би­се­ра ја до­ло­ви цел­та на обра­зо­ва­ни­е­то ка­ко на­чин да се соз­да­ва­ат актив­ни гра­ѓа­ни кои ќе при­до­не­су­ва­ат за оп­штес­тво­то.

Исра Зе­ќи­ри пре­ку сво­јот го­вор ка­жа кол­ку е важ­но сред­но­школ­ско­то ор­га­ни­зи­ра­ње ка­ко дел од мла­дин­ско­то учес­тво. Таа ја наг­ла­си по­тре­ба­та мла­ди­те да се акти­ви­ра­ат и кри­тич­ки да раз­мис­лу­ва­ат, да зна­ат ка­ко да се вклу­чат во оп­штес­тве­ни­те про­це­си и да има­ат си­ла. Спо­ред Исра, мо­ра да се до­не­се за­кон­ско ре­ше­ние кое ќе ги об­вр­зу­ва оп­шти­ни­те да се фо­ку­си­ра­ат на су­шти­на­та на нив­но­то по­сто­е­ње.

Лу­ка Па­ви­ќе­виќ го за­поч­на го­во­рот со при­каз­на за мла­до мом­че кое се пла­ши да оди на учи­ли­ште од страв да не го на­пад­нат. Спо­ред Лу­ка, по­треб­но е да се раз­вие ко­му­ни­ка­ци­ја­та и да се пре­поз­на­ва врс­нич­ко­то на­силс­тво. Но за да се по­стиг­не ова е по­треб­на еду­ка­ци­ја на про­фе­со­ри­те, пси­хо­ло­зи­те, а и на де­ца­та.

  • По­треб­но е да ни ги да­де­те ала­тки­те за са­ми да се спра­ви­ме со на­силс­тво­то во ди­ги­тал­на­та сфе­ра. Се­га, во ова ди­ги­тал­но вре­ме, се­кој ден по­ми­ну­ва­ме по­ве­ќе од 6 ча­са на ин­тер­нет. Се­кој мо­же со два кли­ка да кре­и­ра ла­жен про­фил на со­ци­јал­на мре­жа. Ова е од­лич­на поч­ва за раз­ви­ва­ње на он­лајн-на­силс­тво - наг­ла­си тој.

По­треб­ни се но­ви по­ли­ти­ки за ед­на­кви мож­но­сти за да мла­ди­те би­дат ед­на­кви во зем­ја­та, ве­ли Ели­за Аб­ди­ја.

  • Да ни овоз­мо­жи­те со­од­вет­ни про­гра­ми за на­ши­те ин­ди­ви­ду­ал­ни ин­те­ре­си, за лич­но и актив­но пар­ти­ци­пи­ра­ње и ин­те­гра­ци­ја. За­ко­нот за пер­со­на­лен аси­стент ги оп­фа­ќа са­мо лу­ѓе­то од 18 до 64 го­ди­ни. Што е со дру­ги­те што не вле­гу­ва­ат во оваа ка­те­го­ри­ја? - пра­ша Ели­за.

Таа на­бро­ја не­до­ста­то­ци во од­нос на про­гра­ми­те и ала­тки­те во учи­ли­шта­та, ау­ди­о­про­гра­ми на мај­чин ја­зик, но и ли­фто­ви за ли­ца­та со ин­ва­ли­ди­тет.

Вла­ди­ни­те прет­став­ни­ци ре­коа де­ка се спро­ве­де­ни или ќе се до­не­сат дел од за­ко­ни­те и мер­ки­те што ги спо­ме­наа мла­ди­те. Спо­ред вла­сти­те, ќе се ор­га­ни­зи­ра­ат сред­би и де­ба­ти пре­ку нив­ни­те ор­га­ни­за­ции за имп­ле­мен­ти­ра­ње на ре­ше­ни­ја­та што ги пред­ла­га­ат де­ца­та и мла­ди­те.

Из­вор на фо­то­гра­фии: Ар­хи­ва на Флицкр (Flickr) на Вла­да на Ре­пуб­ли­ка Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја

Автор: Сте­фан Ми­тиќ, СУГСГ „Ор­це Ни­ко­лов“ - Скоп­је

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk