Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Една од најстарите, но и најреномирани образовни институции во нашата држава, гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, на 6 февруари прославуваше 75 години од одржувањето на првиот наставен час на македонски јазик.

Jubilejni 75 godini nastava na makedonski jazik Kako se cuvase zborot 1Одбележувањето на значајниот јубилеј започна на 5 февруари во малата сала на Центарот за култура во Битола, со сатиричната претстава „Женски муабети во Горната“ подготвена од ораторскиот клуб „Анима 3“ при гимназијата и професорката по Македонски јазик и литература Даниела Петревска - Матевска. Целта на оваа претстава беше да се исмее погрешното говорење на македонскиот јазик, но и да укаже за поправка во иднина.

 

Jubilejni 75 godini nastava na makedonski jazik Kako se cuvase zborot 2Прославата продолжи на 7 февруари во НУ Народниот театар Битола кога се одржа Свечената академија на гимназијата. Настанот отпочна во холот, со проекција на краток документарен филм „Петре - љубов, бол и непребол“ кој е посветен на Петре М. Андреевски, изработен од учениците на гимназијата.Таму беше поставена и изложба на ликовни дела на ученици.

Веднаш по него, на присутните во преполната сала им се обратија директорката на училиштето Фанија Наумовска, градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, техничкиот премиер Оливер Спасовски и универзитетскиот професор Људмил Спасов.

Jubilejni 75 godini nastava na makedonski jazik Kako se cuvase zborot 3Беше прикажан краток филм за работењето на гимназијата од некогаш па сѐ до денес. Веднаш потоа, во главно светло беа учениците на драмската секција во проширен состав при гимназијата, со театарската претстава „Како се чуваше зборот“. Учениците, под менторство на професорот по Македонски јазик и литература Никола Трајковски, со секвенци од најзначајните дела на македонски автори го прикажаа патот на развојот на македонскиот јазик.

Jubilejni 75 godini nastava na makedonski jazik Kako se cuvase zborot 4Потоа беа доделени благодарници на заслужни поединци и компании. На јубилејот беа присутни голем број  функционери, ученици, вработени, како и пензионирани професори кои работеле во гимназијата и придонеле за тоа што е таа денес.

Во прославувањето се вклучија и ЕСМ со РЕК Битола, кои по овој повод реновираа и реконструираа една училница во гимназијата.

Ана Марија Наумовска, СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“, Битола

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk