Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

100-god-sv-vojПедесетина ученици од поранешните југословенски простори ја одбележаа 100-годишнината од крајот на Првата светска војна со заедничка театарска претстава во словенскиот град Птуј.

Претставниците од Македонија - средношколци од училиштата „Георги Димитров”, „Јосип Броз Тито” и „Браќа Миладиновци”, ја подготвуваа завршната претстава една недела низ разни работилници и дружења.

- Активностите се одржуваа во гимназијата во Птуј. Таму имавме можност да се запознаеме и дружиме со наши врсници. Преку музика, танц, глума и пеење ја подготвувавме завршната претстава на оваа прослава, вели Александра Михајловска, учесничка на манифестацијата.

- На ова патување  стекнавме  многу нови пријателства, коишто ќе се обидеме да ги негуваме и секако да возвратиме на гостопримливоста во некоја наредна прилика во Македонија, вели Никола Димитровски, учесник од СУГС „Георги Димитров“.

Проектот е подржан од Централната служба за образование во странство „ЗФА“ под чија надлежност се ДСД училиштата.

Марина Тодоровска, СУГС „Георги Димитров“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk