Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

gimnazijada5Средното училиште „Перо Наков“ од Куманово, годинава, беше домаќин на државната спортска манифестација „Гимназијада“, на која учествуваа повеќе од 1.000 спортисти од 60 средни училишта во Македонија.

На оваа традиционална средношколска манифестација, десетта по ред и најмасовна од овој тип во земјава, беа застапени колективни спортови во машка и женска конкуренција: футсал, кошарка, ракомет, одбојка и фудбал, додека од индивидуалните спортови-атлетиката во машка и женска конкуренција. Новитет, годинава, беше одржувањето на ревијални натпревари помеѓу победниците на Гимназијадата со паралелки од спортските академии.

Покровители се Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Министерството за образование и наука, како и Советот на градот Куманово, додека организатори Федерацијата на училишни спортови на Македонија и општинскиот сојуз за спортови од Куманово.

Директорот на Агенцијата, Марјан Спасески изрази задоволство како на секоја наредна „Гимназијада“ настапуваат се подобро подготвени ученици и екипи.

-Се детектираат нови и уште поголеми спортски таленти, затоа што значително се подобруваат и условите за спорт и спортски активности, изјави Спасески.

gimnazijadaЛидија Тасевска, директорка на средното училиште „Перо Наков“ информираше дека нивното училиште било домаќин на манифетацијата, ги пречека сите натпреварувачи, но натпреварите се одржуваа низ цел град, во сите подобро опремени сали во градот Куманово.

Поточно, како што потенцираа и од локалната самоуправа на самото отворање на „Гимназијада“, честа годинава му припаднало на Куманово, меѓудругото и поради добро опремените спортски сали, една градска и четири спортски, изградени по европски и светски стандарди.

Натпреварувањето траеше два дена, од 5 до 7 мај.

Машката екипа на СОУ „Никола Карев“ од Струмица убедливо ја освои Гимназијадата во машка одбојкарска категорија, во фудбал златната медала отиде во рацете на учениците од училиштето „Сами Фрашери“ од Куманово, во футсал кај екипата од „Илинден“ од Илинден, за ракомет кај гимназијалците од фискултурното училиште „Методија Мицевски-Брицо“, додека учениците од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Скопје беа најдобри во кошарка. 

Во женска категорија, три златни медали освоија ученичките од фискултурното училиште „Методија Мицевски-Брицо“ во футсал, одбојка и ракомет. Во фудбал, прво место освоија струмичките гимназијалки од „Никола Карев“ и во кошарка од „Орце Николов„ од Скопје.

Најуспешните и најистакнатите учесници се бидат наградени со учество на летните кампови во времетраење од седум дена, кои ќе бидат организирани по завршувањето на натпреварувачката и училишна програма.


gimnazijada2Први награди, колективни спортови, мажи:
-Фудбал: СОУ„Сами Фрашери“-Куманово
-Футсал: ОСУ „Илинден“-Илинден
-Одбојка: „Никола Карев„-Струмица
-Ракомет: ДУФК „Методија Митевски-Брицо„-Скопје
-Кошарка: „Јосип Броз-Тито„-Скопје

 

 

gimnazijada4Први награди, колективни спортови, жени:
-Фудбал: СОУ „Никола Карев“-Струмица
-Футсал: ДУФК „Методија Митевски-Брицо„-Скопје
-Одбојка: ДУФК „Методија Митевски-Брицо„-Скопје
-Ракомет: ДУФК „Методија Митевски-Брицо„-Скопје
-Кошарка: „Орце Николов„-Скопје

 

   

Први награди, индивидуални спортови, мажи:
-100 метри и 400 метри трчање-Славе Коевски, ДУФК „Методија Митевски Брицо“-Скопје
-1.000 метри трчање- Димитар Илиев, СОУ „Славчо Стојменски“ -Штип
Скок во далечина и скок во височина, Никола Стојановиќ, СОУ „Гоце Делчев“ -Куманово
Ѓуле, Елмин Бајрамовиќ, СУГС „Марија Кири Склодовска“-Скопје
Трчање, 4x100 метри, Огнен Ивановски, Матео Тренковски, Александар Ангелковски, Славе Коевски, ДУФК „Методи Митевски Брицо“-Скопје

Први награди, индивидуални спортови, жени:
-100 метри трчање, Јана Митовска, ДУФК „Методија Митевски Брицо“-Скопје
-400 метри трчање, Вера Урдаревска, ДУФК „Методија Митевски Брицо“-Скопје
- 1.000 метри трчање, Рената Соколовска, СУГС „Ѓорѓи Димитров“
- Скок во далечина, Сања Тимчевска, СОУ „Гоце Делчев“-Куманово
-Скок во височина, Андријана Тасевска, СОУ „Гоце Делчев“
-Ѓуле, Драгана Стојанова, СОУ „Јане Сандански“ Струмица

- Трчање, 4x100 метри, Христина Трајковска, Јана Митовска

Бојана Насевска, Вера Урдаревска, ДУФК „Методија Митевски Брицо“-Скопје

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk