Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Со уметнички израз против употребата на дрога

Niz hodnicite DrogaСредношколци од девет средни училишта од главниот град на Македонија учествуваа на завршниот настан за проектот „Советувалишта за превенција од дрога“ што го организираше невладината организација Х.Е.Р.А. во соработка со Град Скопје. Учениците имаа различни уметнички настапи во шест категории: поезија, театар, танцова изведба, видео, фотографија и ликовна изложба. Целта на настанот, именуван како „Изборот нека биде среќа“, имаше за цел поголема информираност на младите околу заштитата од дроги и намалување на последиците, како и поддршка на лицата на кои им е потребна помош.

 

Во рамки на соработката меѓу Градот Скопје и Х.Е.Р.А, пред пет години, на Водно, беше отворено и советувалиште за средношколци за превенција од дроги. Учениците може да го посетат со своите родители или професори и да ги дознаат одговорите на сите прашања во врска со оваа тематика. Неговата цел е превентивна, да ги одврати младите луѓе од овој порок.

Прочитано 177 пати Едитирано на: Четврток, 02 Март 2017 15:00

Остави коментар

Полињата означени со: (*) се задолжителни.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004