Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Модерното општество бара високопродуктивни кадри од сите профили

vovednikСнежана Ристова, професорка по македонски јазик и литература, СОУ,,Св. Кирил и Методиј“ - Неготино

Нашиот живот не може да се замисли без добро образование поврзано со современата технологија. Живееме во бурно време и знаеме дека тоа од вчера или завчера, денес или утре ќе остарее и ќе му отстапи место на уште попрогресивното.

Затоа стремежот на секоја земја, па и на нашата треба да биде во таа насока. Тоа, пак, подразбира обезбедување услови за образование на секој млад човек без оглед на неговиот пол, потекло и национална припадност. Правото на образование не смее никому да му се скрати, напротив тоа треба да се стимулира, поддржува и да се овозможи секој во рамките на своите можности да ги афирмира своите потенцијали.

Умеењето и знаењето мора да бидат уште повеќе поттикнувани и токму образовниот систем треба да бидат насочен во тој правец. Меѓусебно постојано се надградуваме и ги искажуваме своите ставови и она што навистина сме.

Ние сме луѓе, просветни работници, нашата улога е да споделуваме знаење, да ги прифаќаме новите предизвици на современиот свет. Современата настава бара ефикасно учење и критичко размислување. За таа цел наставниците треба да користат интерактивни техники и методи на подучување за да ги мотивираат учениците за поголема самостојност и критичност во самооценувањето. Учениците ќе научат да бидат активни субјекти во процесот на поучување, да размислуваат критички и да ги разгледуваат информациите од повеќе аспекти, оформувајќи веродостојни мислења и заклучоци.

Се прашувам дали крајната цел е постигната? Реалноста е сосема поинаква и парадоксална. Незаинтересираноста и рамнодушноста стануваат сѐ поголема одлика на дел од нашите ученици.

Тоа е толку патетично, иронично и жално и само заради тоа што сѐ уште не може да се сфати дека без вистинско образование ние сме никој и ништо.

Read 91 times

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004