Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

„Образовно рандеву“ на 65 стручни училишта

obrazovno randevuСредношколци од 65 стручни училишта учествуваа на манифестацијата „Образовно рандеву“, што се одржа на 21 и 22 месецов во средното економско-правно училиште „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје.

Правење маркетинг план, интервјуа за работа, јавно говорење, најдобра видеореклама, краток филм, фотографија, веб-страница и кариерно портфолио се само дел од категориите во кои се натпреваруваа средношколците. Исто така, „рандевуто“ беше проследено и со спортски активности, настапи на музички групи на учениците итн.

Оваа манифестација за прв пат се одржа во 2006 година, а оттогаш се организира секоја година. На неа, традиционално, учениците изложуваат свои штандови на кои ја презентираат работата на нивните училишта.

Минатата година на манифестацијата „Образовно рандеву“ учествуваа над три илјади ученици и ментори од 44 училишта во земјава. Организатор на настанот е Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија (МАССУМ), која како невладина организација се обидува да им овозможи на младите да го збогатат својот социјален и кариерен живот, како и да ги истакнат креативноста и претприемачките предиспозиции.

Read 128 times Last modified on Вторник, 09 Мај 2017 10:42

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004