Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Злато, сребро и бронза за „Јахја Кемал“

jahja kemal 1Поделени во девет тима, вкупно 14 ученици од неколкуте гимназии „Јахја Кемал“ низ Македонија се вратија со златни, сребрени и бронзени медали од меѓународната олимпијада за проекти за заштита на животната средина „Златна клима“, што на почетокот на април се одржа во Најроби, Кенија.

jahja kemal 2Во конкуренција на над 180 тима од 22 земји од целиот свет, македонските тимови победија со своите иновации за соларна енергија и ефикасност на соларни панели, проекти за пречистување на загадена почва од тешки метали преку нејзино третирање со природни елементи и минерали и успешни експерименти за замена на антибиотиците со третмани со масло од црно семе и диво оригано во борбата против бактериите.

jahja kemal 3Преостанатите проекти се однесуваа на влијанието на бучавата врз здравјето на луѓето, на алгите како извор на биогориво, на употребата на отпадоците од земјоделството и сточарството како органско ѓубриво, на новите иновациски методи во борбата против ефектите на стаклена градина и употребата на моликата како природен извор на боја.

Read 203 times Last modified on Вторник, 09 Мај 2017 10:48

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004