Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Ракометарките од спортската гимназија во Скопје освоија прво место

rakometarkite od fiskulturnoЖенската екипа во ракомет од спортската гимназија „Методи Митевски-Брицо“ од Скопје го освои првото место на државниот турнир за средни училишта што се одржа во Кичево. Тие во финалето го победија тимот на истоименото средно општинско училиште од Делчево со резултат 25:19.

Средношколките од скопската гимназија во текот на целиот натпревар имаа контрола над резултатот, а првото посериозно водство го остварија по петнаесет минути игра кога поведоа со 8:4.

- Задоволен сум од нашето издание, девојките одиграа онака како што се договоривме. Бевме концентрирани во текот на целиот натпревар и тоа резултираше со наш заслужен триумф. Девојките од Делчево се добра екипа и минатата година игравме против истиот ривал, но ние и овој пат покажавме дека сме подобри. Во оваа екипа има неколку ракометарки кои во блиска иднина ќе претендираат и за најдобрата македонска селекција - изјави Станчевски.

Во мечот за третото место на државното првенство играа екипите на општинските училишта „Нико Нестор“ од Струга и „Мирко Милески“ од Кичево. Струшките ученички успеаја да победат со минимална разлика од 18:17. На турнирот учествуваа и ракометните екипи од училиштата „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје и „Кочо Рацин“ од Велес, кои ги освоија петтото, односно шестото место.

За најдобра ракометарка на турнирот беше прогласена Мери Арсениевска од шампионската екипа, а најдобар стрелец беше Ангела Кукунешоска од тимот на струшкото училиште. Како најдобра голманка, пак, беше прогласена средношколката Бојана Захариевска од „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево.

Задоволството од триумфот не го криеше ниту професорот Тони Станчевски. Професорот од скопското училиште беше презадоволен од изданието на своите избранички.

З.А.

Прочитано 58 пати Едитирано на: Вторник, 09 Мај 2017 10:51

Остави коментар

Полињата означени со: (*) се задолжителни.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

Адреса

ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004

www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk; 
medium@medium.edu.mk;