Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Индустријата е жедна за стручни кадри

TEMA ZA DILEMA sredno ugostitelsko prakticna matura Maja janevska ilieva 18Во средните стручни училишта во земјава е потребно да се образуваат кадри кои се барани на пазарот на трудот, за што е потребно осовременување на наставните програми. Паралелно треба да се работи и на подобрување на угледот на овие школи, бидејќи најчесто идните средношколци сметаат дека во поголем дел од нив се запишуваат слаби ученици, но и оти наставниот кадар е слаб.

Ова се некои од проблемите со кои се соочува средното стручно образование, а утврдени во истражувањето „Нови перспективи за социјален и економски развој“ на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Македонија. Авторите утврдиле дека постои неусогласеност на квалификациите на кадрите со тоа што ѝ е потребно на индустријата. Тоа е така бидејќи од една страна има потреба од нискоквалификувана работна сила, додека од друга постои тренд на хиперпродукција на висококвалификувана работна сила.

Во слична насока е и нивното истражување на темата „Невработеноста на младите луѓе во Република Македонија“, во кое, покрај другото, се посочува потребата од поголем углед на стручните училишта.

- Голем процент млади невработени луѓе му даваат предност на високото образование и постои верување дека средните стручни училишта имаат слаб наставен кадар и оти во нив се запишуваат слаби ученици. Оттука следува и препораката дека е неопходно да се издигне репутацијата на овие училишта во јавноста и можностите за вработување што ги нуди пазарот на труд за овој образовен профил, а тука значајна улога имаат кариерните центри за советување и професионална определба - вели Нита Старова од Фондацијата, која е и една од авторките на ова истражување.

Таа го истакнува и проблемот со неформалното образование кое младите не го сметаат за фактор кој ќе им помогне полесно да се вработат.

TEMA ZA DILEMA profesor ucenici Maja janevska ilieva 01- Резултатите од истражувањето покажаа и оти младите невработени луѓе во поголем дел не знаат од која индустрија е нивната професија, кои се водечките компании во таа индустрија, колкави се платите и кои се можностите за напредување. Ова укажува на потребата за информирање на младите за пазарот на труд од страна на образовните институции и на центрите за помош при вработување и професионално (до)усовршување - вели Старова.

Од Министерството за образование и наука (МОН), пак, велат дека промоцијата и популаризацијата, како и реформирањето на стручното образование во изминатите неколку години е висок приоритет во нивната програма и посветуваат големо внимание на издигање на квалитетот на овој тип образование.

- Во изминатите три години, заедно со институциите на Европската Унија целосно е завршена реформата на две и тригодишното средно стручно образование во сите струки, односно изготвени се нови наставни програми и истите ќе се применуваат од септември 2017 година - велат од МОН, додавајќи дека истите се понудени во конкурсот за упис за следната учебна година.

Во нив, според најавеното ќе има речиси 36 илјади места, од кои повеќе од 23 илјади се наменети за средношколците кои ќе се запишат во стручно училиште, вклучувајќи ги овде и оние програми за кои се направени и за кои не се направени реформи.

Од МОН истакнуваат дека работат на модернизација и на четиригодишното средно стручно образование. Велат, потребно е повеќе време, бидејќи станува збор за повеќе од 1.300 наставни програми во сите струки кои се анализираат, по што ќе се направат делумни или целосни измени, а ќе се обезбедат и нови учебници. Досега, како што посочија, изготвени се реформирани наставни програми по три струки - градежен техничар, хотелско-туристички техничар и електротехничар и истите од први септември ќе пилотираат во 14 училишта.

- Ова е процес кој е во тек и исто така го имплементираме со поддршка на Европската Унија, а подразбира набавка на соодветна опрема, односно машини, алати и лаборатории кои соодветствуваат на струките кои ги нуди секое училиште - велат од министерството.

TEMA ZA DILEMA profesor ucenici Maja janevska ilieva 01Оттаму велат дека ова придонесува да се зголеми бројот на полуматуранти кои се запишуваат во средно стручно училиште, посочувајќи дека во учебната 2014-2015 дури 53 отсто од вкупниот број ученици кои завршиле основно се запишале во средно стручно, а во наредните две учебни години процентот се зголемил за два. Очекуваат дека ваквиот тренд ќе продолжи.

Слика за тоа каква е моменталната состојба во средните стручни училишта даваат и податоците од Центарот за стручно образование и наука кој е владино тело задолжено да ги усогласува и интегрира јавните и интересите на социјалните партнери во стручното образование и обуката во Македонија. Според податоците оттаму, најголем број ученици има во економско-правната и во трговската струка, потоа во медицинските и школите за електротехничка струка. На спротивната страна се училиштата кои нудат машинска, графичка, геолошко-рударска, текстилно-кожарска струка и др.

Кога станува збор за мотивирањето на учениците да се запишат во стручно училиште, од Центарот за стручно образование и обука велат дека се спроведени низа промотивни активности. Исто така, посочуваат и примери меѓу кои и 20 стипендии што општината Штип ги доделила на ученици во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, манифестацијата „Денови на електрониката“ во која се вклучени сите средни училишта на град Скопје во рамките на која средношколците се натпреваруваат, посетуваат компании и други настани и натпревари.

Read 88 times

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004