Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Општо познато е дека Милчо Манчевски е најуспешниот и најпознатиот македонски режисер во светот. Тој себеси се опишува како авангарден лик, човек кој не се доживува како дел од систем. За него слободата, во било која форма, е императив во животот. Милчо твори за да се искаже и ужива во тоа што го прави. За него резултатите не се толку важни, колку креативното размислување и искажување. Во неговите интервјуа се зборува за неговите филмови, награди, критички ставови и идеи. Но малку е познато за неговиот средношколски живот, за неговите желби и интереси, за деновите во кои му се оформувала кариерата. Зборуваме и за најновиот филм „Бикини Мун“, како и за проектот во фаза на создавање „Врба“, кој ќе се снима во Скопје и Мариово.

Од 23 до 28 април годинава, се одржа вториот „Конект фестивалот“, настан на кој имаше многу дружење, свирка, како и натпревари во скејтање и гејминг меѓу скопските средношколци. Иницијативата за фестивалот потекнува од група ученици од гимназиите, „Георги Димитров“, Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“,, „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“, но и од поранешни ученици во овие средни училишта.

И годинашните прослави на матурски ќе поминат во знакот на скапо, на брендови, на купување на облека, која можеби никогаш повеќе тинеџерите нема да ја облечат и раскошни прослави за кои некои родители ќе мораат да земат и потрошувачки кредити за да ги покријат сите трошоци, затоа што севкупно ќе се движат и до 1.000 евра. Во најдобар случај. И сето тоа, затоа што е „срамота да се оди на матура по фармерки“, како што притискаат многу родители „верни“ на традицијата.

Лина Пејовска е средношколка во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје, има 15 години, а веќе е музичка ѕвезда. Нејзиниот прв хит е „Ако ме сакаш“ на Ју тјуб има околу 200.000 прегледи, а подготвува и нови песни за публиката.

Учениците од втора година од средното економско училиште „Васил Антевски-Дрен“ беа во посета на Министерството за финансии на Македонија, каде присуствуваа на презентација на носење на Буџет. Учениците, имаа можност теоретските знаења да ги поврзат со практичните.  Се сретнаа и со министерот Драган Тевдовски кој им објасни дека сите придонесуваат за финансирање на државниот Буџет и кога пазаруваат задолжително да побараат фискална сметка. Исто така им посочи да го видат Граѓанскиот буџет за 2018 година и да дадат сугестии за подобрувања кои би можеле да се земат во предвид при подготовката на следниот граѓански буџет за 2019 година.

За врсничкото насилство не смее да се молчи, треба секој да помогне и да застане на страната на оние кои се малтретирани, порачаа гостиварските средношколци преку танцов театар. На настанот учествуваа средношколците од гостиварската гимназија, економското училиште и нивни соученици од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“.

Во Домот на култура “Марко Цепенков” – Прилеп, по осми пат се одржа „Гимфест“. Многубројната публика уживаше слушајќи хитови од различен жанр и различен временски период, во духот на овогодинешната тема „Времеплов“.

Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти - средношколци, Град Скопје за првпат воведе стипендирање на спортисти - средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на Скопје. Ќе се изберат 100 стипендисти - средношколци, кои во текот на 8 месеци во тековната 2018 година ќе добиваат стипендија од 3.000 денари месечно со платен персонален данок, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Со развојот на технологијата, пристапот до медиумите и информациите што ги нудат е многу брз и лесен. Како поранешен новинар, а сега професор, на часовите за правопис, правоговор, публицистика,  со учениците релативно често разговараме за новинарството. Иако мали, учениците почнуваат да распознаваат што е точна, а што лажна или претенциозна вест. Од самиот наслов или помпезна најава може да се заклучи дали новинарскиот прилог некого ќе воздигне или ќе  понижи..та нели во секое црно има и бело и во секое бело има црно? За жал, имаме сѐ помалку реални вести.

На трети мај ќе се одржи финалниот настан на ОрцеTalks. Со ова се заокружува целата досегашна работа за оваа учебна година. ОрцеTalks e од исклучителна важност за младите луѓе кои сакаат да дискутираат за најразлични теми, затоа што им овозможува да ја развијат способноста за размислување, истражување на податоци и поголема информираност за случувањата во светот. Финалниот настан ќе биде претставен преку две симултани дискусии.

Пане Панов е 17-годишен средношколец од СОУ,,Свети Кирил и Методиј“-Неготино, кој поседува огромен талент за природно-математичките науки. Својот талент веќе го докажал преку многу награди . Сега е трета година, билингвална паралелка, природно-математичката насока. Открива дека има сестра близначка, а освен што од мали нозе негува љубов кон физиката и математиката, го сака и францускиот јазик.

Дислексијата не е болест, таа е состојба од невролошко потекло при која мозокот различно го процесира пишаниот или говорниот јазик, а за која се уште не е докажано што точно ја предизвикува. Голем број ученици во Македонија се соочуваат со неа, но не знаат дека ја имаат, а професорите и наставниците не се доволно обучени да ја препознаат и да им помогнат, сметаат од здружението за дислексија „Ајнштајн“. Но, и покрај системските пречки, има случаи на дислексичари кои функционираат нормално во текот своето образование, иако на истите им е потребна стручна помош.

Гимназијата „Никола Карев“ во изминатиот месец, беше домаќин на првиот средношколски фестивал „Три дена култура“. Настанот на кој младите добија слобода да се изразат, изобилуваше со филмски проекции, театарски претстави, изложба на фотографии и ликовни дела, како и многу музика.

Неготино e мало гратче во срцето на Македонија, од двете страни на реката Вардар, познато по грозјето, виното, но и билингвалните паралелки.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk