Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Средношколците и професорите од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ на почетокот на месецов една недела беа домаќини на вкупно 22 ученици и девет професори од од Италија, Шпанија, Турција и Романија. Кумановци им посакаа топло добредојде со богата културно уметничка програма, на која настапија и членови на културно уметничкото друштво Српски вез.

Најдобрите спортски екипи од средните скопски училишта постигнаа одлични резултати на натпреварите во повеќе спортови во германски Нирнберг каде нашите средношколци се натпреваруваа со нивните врсници од овој збратимен град на Скопје.

На почетокот на осмата сезона од „Медиум“ ќе се осврнам на неколку поенти од неодамнешното истражување на Институтот за комуникациски студии (ИКС) за утврдување на „Навиките на корисниците на социјални мрежи во Македонија“. Најмладите испитаници беа со навршени 15 години и сместени во групата од 15-24 години, иако истражувањето опфати и испитаници од различни возрасти, до + 65 г. Целта беше да се утврди од каде се информираат, што најмногу читаат онлајн, дали имаат профил на социјалните мрежи, колку време поминуваат на истите, за што ги користат, кого следат, но исто така и како ги восприемаат вестите, односно дали ги проверуваат и бараат дополнителни информации.

Средношколците велат дека често се „исклучуваат“ од часовите и мислат на нешто сосема друго, нешто ги мачи, но и дека професорите не им помагаат многу да се справат со тие прашањата. Наставниците, пак, според психолозите, често се само пасивни „предавачи“ и ја пропуштаат шансата да бидат активни поддржувачи во развојот на нивните ученици адолесценти.

Ана Воденичаровска и Владимир Бојаџи, се двајца студенти-бруцоши, кои на државната матура летовото извадија најдобри резултати по предметот Математика за кој велат, дека решавањето задачи им оди со леснотија и им претставува задоволство.

За да се справиме со меѓуврсничкото насилство кај тинејџерите, прво мора да се свестиме дека овој проблем реално постои, потоа секое училиште да си детектира какви форми на булинг постојат низ ходниците и од кои побуди, а родителите и наставниците, пак, треба да градат доверба со децата за тие да се осмелат да пријават

„Свирложба VII“- повторно одржана во гимназијата „Никола Карев“

Во Битола за првпат месецов се одржа фестивалот „Music Tech Fest“. Станува збор за фестивал посветен на иновации во кој учествуваат хакери, иноватори, старт-ап инкубатори, претприемачи, како и музички ентузијасти од целиот свет. На настанот се развиваат нови софтверски и технолошки идеи, концепти и продукти и се планира нивна понатамошна имплементација во различни сфери како музика, забава, индустрија, социјално претприемништво итн.

Со еден средбрен и еден бронзен медал, македонскиот тим средношколци се вратија од 30-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2018), која од 1 до 8 септември се одржува во Цукуба, Јапонија.

Осум средни уличишта во Македонија, кои учествуваа на јавниот повик „Предизвик на млади истражувачи, добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите проекти. Како добитници се запишаа седум училишта, од кои едно доби два грантови за проекти во различни области. Сумите кои ги добија тимовите средношколци со нивните ментори за реализација на проектите се движат од околу 170.000 денари (околу 2.800 евра) до речиси 300.000 денари (околу 5.000 евра).

За време на медиумската лабораторија во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, средношколците изразија желба да бидат новинари интервјуирајќи го својот музички идол Арбен (Бени) Шаќири, кој средното образование го завршил во истото училиште.

Министерството за образование и наука ги сумираше просечните оценки во сите средни училишта во земјава за ланската учебна 2016/2017 година. Според оваа листа на министерството, најдобар просек на оценки има скопската гимназија „Орце Николов“ со 4.18. Следуваат „Р. Ј. Корчагин“ со 3.98, „Никола Карев“ со 3.74, „Георги Димитров“ 3,68. Гимназијата е петта по успехот според оценките со просек од 3,4. Најнизок просек меѓу скопските училишта имаат СУГС „8 Септември“ со 2,17 и „Лазар Танев“ со 2,37.

Точно напладне на 18 мај матурантите од Скопје, Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и Куманово танцуваа квадрил на градските плоштади, исто како и нивните соученици од матуранти од 62 градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

На 4-ти мај двете соученички од прва година во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Бесјона Јусуфи и Ангела Пандовска во Центарот за култура ја промовираа заедничката книга „Различни, а сепак исти“. Книгата е двојазична – на македонски и на албански јазик.  Промотор, а воедно и рецензент беше професорката по Македонски јазик и литература, Соња Живковиќ-Ѓоргиевска, која истакна дека ова е по многу нешта специфична книга: двете девојки сакаат да припаѓаат на модерното време, без предрасуди, дело во кое има позитивни чувства, а читателот може да ја вкуси приказната за двата различни карактери кои сепак имаат нешто заедничко ... љубовта.

Министерството за образование и наука (МОН) на 21 април ја промовираше Сеопфатната стратегија за образование за 2018-2015 година што Владата ја усвои во јануари заедно со Акцискиот план. „Кога тргнавме да го заокружиме овој документ, имавме голема визија пред нас - да ги утврдиме правците на образованието за поттикнување и овозможување личен развој на активни и мотивирани граѓани кои ќе можат да придонесат за развојот и напредокот на заедничкото општество. Ги лоциравме клучните предизвици на македонскиот образовен систем, почнувајќи од градинките и училиштата се до универзитетите и поставивме достижни цели за промена.“ – рече министерката во заминување, Рената Десковска.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk