Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

1-1Биди толерантен!, Сакај ги сите!, Имај соживот! беа дел од пораките испишани на балоните со кои средношколците од „Орде Чопела“ испратија јасни пораки против говорот на омраза во центарот на Прилеп. Тие испуштаа бели балони со позитивни изјави и црвени балони со негативни изрази.

1-7Маската „Каревјанци“ на карневалската група од средното училиште „Никола Карев“ во Струмица го освои првото место на Струмичкиот карневал во категоријата групна маска. Околу 90 средношколци од македонска и турска етничка заедница три месеци ги шиеја костимите, ги украсуваа со детали и ја усовршуваа кореографијата за сценскиот настап.

humanitarna-jbtДека хуманоста нема етничка боја и дека секому треба да му се помогне кога му е најпотребно со уште еден пример докажаа средношколците од скопското училиште „Јосип Броз Тито“.

gradinaДоколку имате смисла за убавина, естетика и детали, пејзажен архитект е идеална професија за вас. Тоа е работа со која се дизајнираат природните и изградените средина, од градски улици и паркови, училишта, зоолошки градини до национални паркови, а заради подобрување на функционалноста на просторот и визуелниот ефект.

zootexna-2015Средношколци од скопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“го посетија Меѓународниот саем за сточарство и живинарство „Зоотехна 2015“ што се одржа во јануари во Солун, Грција.

ku-bilingvalciСредношколците од билингвалните паралелки од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се запознаа со францускиот образовен систем и култура при еднонеделната посета на градот Дулен.

etuc-slovТриесет средношколци од скопското електротехничко училиште „Михајло Пупин“ ќе стекнат искуства како изгледа да се работи во компании во Европската унија преку посетата на Школскиот центар Крањ во Словенија.

gp-organicУченици од средното училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци ја промовираа органската храна како важен дел од здравиот начин на исхрана и на одржливото земјоделско производство.

gjorgji-euЈордана Апостолова, Јована Цониќ и Ана Јанева беа тимот од трите ученички кои одговарајќи на прашања за историјата, политиките, институциите и функционирањето на Европската унија победија на квиз-натпреварот „Знаејќи повеќе за Европа и ЕУ – знаеме повеќе за нас“.

karevci-pobediДиносаурусот Кришка изработен од рециклирачки материјали - картони и лед диоди, им го донесе првото место на средношколците од скопската гимназија „Никола Карев“ на натпреварот за управување со отпад на организацијата „Пакомак“.

70-god-mak-jaz„Јазикот е календар на душата. Со него ги нижиме секундите, деновите, годините на нашиот живот. Го запишуваме убавиот збор кој во календарот го зачувува местото на вечноста.“. Овој извадок е од видеото што беше прикажано на свечената академија по повод 70 години настава на македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“, што се одржа на почетокот на февруари во Народниот театар во Битола.

sred-humanitПовеќе од 1.200 литри вода и големи количини средства за лична хигиена собраа учениците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ за да им помогнат на жителите од загрозените региони по последните поплави.

Ана Давидовиќ, 1-2  СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје

ana-davidovikЗаврши новогодишната, ред и за љубовната еуфорија низ скопските улици. И повторно дилемата, што да се подари за Св. Валентајн?! Букет рози, чоколадни бомбони, кадифено мече или црвено срце?!

Снежана Станкова, професорка во СУГС Гимназија „Никола Карев“

snezana-stankovaКога почнав да го пишувам текстот, пред очи ми беа сите ученици кои поминале низ овие години на моето учителствување. Па споредував, согледував какви разлики се случувале низ времето, кој како растел, кој што учел. Чудно, но сфатив дека некои работи не се менуваат.

Ивана Крстиќ, II год. СУГС Гимнзија „Орце Николов“ - Скопје

ivana-krsticИако живееме во 21 век, век на информатичко општество, одлучив во форма на писмо да Ви го кажам тоа што не успеав пред точно една година. Една средношколка која пред сѐ се грижеше за својата оценка, па беше задлабочена во книгата - го поттисна во себе одговорот на Вашето провокативно прашање. Верувајте, не ме остави рамнодушна.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk