Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

nova-zlatoСредношколците од училиштето НОВА триумфираа на меѓународниот фудбалски турнир, кој се одржа во Скопје од 6 до 8 ноември.

bogdanciСредношколци од училиштето „Богданци“ освоија први места во две категории на годинешното Образовно рандеву, што се одржа во Крушево.

kumanovci1Секоја година исполнета со нови искуства и нови животни лекции. Вака учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ го доживуваат средношколскиот период поминат на клупите од ова училиште. Со многубројни дипломи, пехари, медали, државни награди и драмски достигнувања, тие велат дека гимназијата од година во година станува сѐ поелитна, проширувајќи ги видиците на учениците и нудејќи можност за претставување преку разни секции, како пред домашна публика, така и во странство.

karev-cestito2На 9 ноември 2014 ...црвени и златно-жолти балони, црвени панделки и ученици во свечена облека, наредени во ред пред влезот на Македонската опера и балет. Тоа беше сликата ден пред роденденот на скопската гимназија „Никола Карев“, кога учениците, вработените и многу гости го прославија јубилејниот патронат – 70 години од постоењето на училиштето.

apliciranСакал да биде истражувач на природата, но кога го започнал студирањето во него се родила желба за работа со деца. И станал тоа што е денес. Иновативен, креативен, професор и соработник на учениците на 21 век. Модерен и интересен во секој поглед. Тоа е тој. Нашиот „виртуелно“ реален и оригинален - професорот по информатика во СУГС „Орце Николов“ Борис Попов.

hobi-ili1Цртањето илустрации и стрипови е несекојдневното и интересно хоби на 17-годишниот Мирослав Грчев од Скопје. Овој ученик во скопската гимназија „Георги Димитров“ поголемиот дел од своето време го минува со своите цртежи, во кои остава дел од себе.

medium27Средношколките Ивана Карова од Кочани и Емилија Манасијева од Гевгелија своите амбиции за општествен активизам ги исполнуваат преку активности на локални младински организации. Ивана е претседателка на кочанската организација „Авангарда“, а Емилија е еден од поактивните членови на гевгелиската „БУМ“. Тоа се мали организации кои спроведуваат обуки за младински активизам, локални спортски и хуманитарни настани, а понекогаш учествуваат и во поголеми регионални или национални проекти. Вакви младински здруженија има во повеќе градови низ Македонија. Во нивните активности можат да се вклучат средношколци кои сакаат да бидат општествено ангажирани и активни.

srednoskolci-mediumУчествувај на Медиумскиот ден за средношколци, што ќе се организира на 12-ти декември, и вклучи се во процесот на продукција во мејнстрим медиумите. Пријави се најдоцна до 8-ми декември (понеделник) на medium@medium.edu.mk и остави ги твоето име и презиме и контакт податоци

dekonstruiraj-prateniciМладите луѓе треба да бидат директно вклучени и самите да носат одлуки за решавање на општествените проблеми со кои се соочуваат. Тие треба да ги користат сите видови на медиуми, особено социјалните мрежи, за да ги изразат нивните мислења, да бидат гласни и да кажат каква е реалната состојба. Ова се некои од препораките за младински активизам кои пратениците Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Нора Алити од ДУИ им ги пренесоа на стотина средношколци во Дискусијата за младински политики.

luznaПретставата „Лузна“ на младите членови на Црвениот крст во Карпош ги приближи болката и траумите на жртвите на трговијата со луѓе во Македонија и светот.

bezomrazno-2014Со синоќешната презентација во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, тимот на Безомразно.мк и Македонскиот институт за медиуми ја завршија промоцијата на конкурсот за флеш моб идеи против говор на омраза.

monografija-b-miladinovciСкопското училиште „Браќа Миладиновци“ ја промовираше монографијата .„Минато, сегашност, иднина“ како дел од чествувањето на 50-годишниот јубилеј.

kariera-centar2„Парите што ги собираме од продажбата на средношколскиот весник „Визија“, кој е проект на нашиот Кариерен центар, ги доделуваме на учениците кои немаат доволно пари за големата матурска екскурзија што се одржува во трета година. Минатата година освен што списанието го продававме во училишниот делокруг, со неколку соученици се организиравме и појдовме на плоштад за да продадеме некој број на случајните минувачи и да собереме повеќе пари.“. Вака средношколката Тамара Симјаноска ги опишува активностите на кариерниот центар во гимназијата кадешто учи - „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје.

akterska2Едноставна и скромна девојка, но тоа што таа го има во себе е еднакво на големо уметничко дело од кое сигурно ќе се воодушевите. Скопјанката Дејана Попоска е ученичка во четврта година во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“. Нејзината успешност се должи на умешноста и талентот за глума.

profesorkataБилјана Муфишовска од скопската гимназија „Никола Карев“ на своето работно место е одлична професорка по англиски јазик. Но, штом ѕвончето го означи крајот на последниот час од нејзиниот работен ден, Муфишовска станува и најголем еко-активист. Таа слободното време го посветува на еко – едукација на нејзините ученици, како и на сите оние кои ја опкружуваат.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk