Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Од 19 до 23 март 2018 година, кумановското средно училиште „Перо Наков“ беше домаќин на четвртата активност од Еразмус + проектот „Учење преку воннаставни активности“ (Outdoor learning experience). На гости дојдоа нивните партнери од училишта од Литванија, Романија и Полска. На петдневната обука, учениците и наставниците, присуствува на часови надвор од училница, во различни воспитно-образовни и културолошки институции, а имаа и часови во природа.

Битолските гимназијаци со драмска изведба упатија порака против секаков вид на насилство. Настанот се одржа во гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола, како дел од проектот „Превенција против насилство“. Драматизација во која учествуваа тринаесет ученици, беше поделена на четири чина, во кои се прикажуваше различен вид на насилство и дискриминација: мајка која е постојано тепана од сопругот алкохоличар и дете кое постојано живее во страв, сиромашен човек кој бара работа од богати и арогантни бизнисмени кои цело време го навредуваат, како  и исмејувањето и отфрлањето на муслиманката и ромчето поради нивната „различност“.

Во организација на Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ, во кичевските средни училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“  се реализираше проектот „Почитувај ја различноста“. Целта на проектот е да  поттикне учество и соработката на вработените во училиштата, родителите, учениците, полицијата и локалната самоуправа, во создавање на услови за безбедна средина.

Средношколката Миа Крстевскa (17) од пливачкиот ватерополо клуб „Орион“ постави нов апсолутен пливачки рекорд на Македонија, во дисциплината 1.500 метри слободно пливање. Стариот рекорд беше на Симона Маринова, 17:56:51, додека новиот рекорд на Крстевска е со време од 17:45:25.

Користењето на мобилните телефони на наставата во училиштето е проблем кој бара решение, како од наставниците, така и од родителите и учениците. Во училиштето во кое работам, директорката пред еден месец со одлука ги забрани на час. На почетокот на часот, учениците ги оставаат телефоните на посебна клупа, а на крајот ги земаат. Јас ја поддржувам оваа одлука. Прво, затоа што наставникот може непречено да си ја врши работата, а второ - учениците ќе бидат внимателни, ќе дискутираат и ќе бидат активни на часот.

Бранко Атанасов е средношколец, ученик во четвртата година во СУГС „Никола Карев“, а во исто време и студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Покрај ова, тој е и волонтер во Црвениот Крст на Општина Карпош.

Учебниците се застарен метод, па затоа е потребно филмот во училниците да биде секојдневие, рекоа средношколците-учесници на меѓународната конференцијата „Аудиовизуелно образование ‐ иднина или сегашност?“ во организација на „МакеДокс“, фестивалот за креативен документарен филм. Порачаа дека се потребни поголем број на предавања на разни теми преку аудиовизуелни содржини, поточно преку адекватни документарни филмови. Само така наставните содржини ќе бидат поинтересни , предавањата нема да бидат досадни, учениците поинволвирани, а ќе се и поттикне поголема креативност и критичкото размислување кај сите.

Република Македонија е држава која што изобилува со голем број на таленти, особено се негуваат спортските потенцијали. Младата спортистка од Битола, Емилија Бошевска,  е ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“, и е добитник на многубројни златни медали во боречки вештини. Емилија е горда на своите досегашни успеси, кои ги постигнува благодарение на познатата академија „За Нед До“. И самата таа вели дека „ Македонија е расад на таленти од областа на боречките вештини“. На своите врсници им порача да се борат за своите соништа и да не се откажуваат, како и да тренираат, затоа што здравјето е нашето најголемо богатство.

Три пара идентични близнаци, за прв пат минатата година, седнаа во ученичките клупи на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, каде има вкупно 204 ученици.

Средното електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин “ доби современо опремена училница за потребите на специјалната ЕВН – паралелка, како дел од проектот „20/20/20”.

Над 140 средношколци од 28 средни училишта од Македонија беа дел од Иновативниот камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на „Junior Achievement Macedonia”, програма поддржана од УСАИД, а дел од глобалната мрежа Junior Achievements Worldwide.

Во гимназијата „Никола Карев“ се одржа настанот „Три дена култура“, кој опфати средношколски филмски фестивал, театарски перформанси, музички настан и дигитална изложба. Учениците, од 21 до 23 февруари, имаа можност да ги претстават своите авторски дела, снимени кратки филмови, театарски претстави, да настапат со своите музички бендови,а и да ги промовораат своите фотографии.

За мотивација на средношколците, Градот Скопје, годинава, ќе додели стипендии на 100 најуспешни спортисти – средношколци кои учат во средните училишта на територијата на Скопје. Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии на ученици и ученички изнесува 3 милиони денари, поточно по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.

Марко Б., средношколец во трета година во Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, новогодишната ноќ ќе ја помине со друштво во едно скопско кафуле. Имал желба да слави и на друго место, вон градот, но тренинзите во ракометниот клуб го ограничуваат во намерата. Едноставно, мора да остане цел зимски распуст во Скопје и напорно да тренира.

Кире Ацески е средношколец со големи афинитети кон актерството и музичката уметност, благодарение на генетските предиспозиции. Тој е ученик во трета година во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Во исто време знае свири на клавир, гитара, учествувал на натпревари, освојувал награди. Уште од мали нозе ја засакал театарската уметност, а сега во фокусот му е актерството, дел е од аматерски театарски претстави и иднината ја гледа токму во оваа професија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk