Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

00 Vovednik Magdalena SaraginovafАвтор: Магдалена Сарагинова, професорка во СОУ „Кочо Рацин“, Велес

Пред неколку дена наидов на статистички податоци според кои бројот на млади кои никогаш не читаат книги, од 1984 до 2014 година е зголемен за трипати, односно од 9 на 27 отсто. Овие истражувања се спроведени од страна на „Комон сенс медиа“, платформа за отворени ресурси што се занимава со оценување и поставување возрасни граници на филмови, книги, видеоигри и слично.  

NIZ HODNICITE Orce Nikolov 01fЧетворица матуранти од скопското средно училиште „Георги Димитров“ интерпретираа дел од творештвото на Крсте Петков Мисирков, по повод 90 години од неговата смрт. Настанот се одржа во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и со истиот се искажа почит кон ликот и делото на Мисирков.

martinohridЖелба за подобар еколошки свет и амбиција да се заштити природата, но и почитување на човековите и правата на животните. Вака накусо, во една реченица може да се опише матурантот во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Мартин Колоски. Средношколец кој активно учествува во низа граѓански акции, ги следи проблемите кај нас и во светот и вели дека со својот активизам настојува да ги поттикне луѓето околу него да ја разбудат својата свест.

liderskikamp2Идеално место за самопознавање и развивање, стекнување вештини од неформалното образование како за демократијата, животната средина и општествената одговорност, но пред сѐ учење вештини за лидерството. Вака во една реченица Дамјан Георгиевски го опишува Младинскиот лидерски камп.

mediumski pismenГолем број медиуми, заситеност од разни портали, море од контролирани и неконтролирани информации, опасност да се биде манипулиран или да се злоупотребат нечии лични податоци, но и можност самиот да создадеш и да понудиш медиумски производ на јавноста и да го кажеш својот став за одредено прашање.

Vovednik1Славка Јанеска, професорка во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Образованието во Република Македонија е процес кој се гради речиси еден век. Прашањата се каде се наоѓа, колку напреднало сите овие години и на кое место се наоѓа истото во однос на другите европски образовни системи. И секако најзначајното, колкава е неговата функционалност и примена во 21 век.

gjorgi2Со историја подолга од половина век, богато искуство од многубројни натпревари, културни настани и проекти, соработка со организации и институции, но пред сѐ визија за развивање на свеста и врежување на трајни и применливи знаења и вештини кај учениците е она со што може да се пофали средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.

Izlozba 21Средното скопско училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ пет дена беше домаќин на патувачката изложба „Ана Франк - историја за денес“, која претставува збир од 39 панели за животот на малата Ана и нејзиното семејство за време на Втората светска војна. Изложбата досега гостувала во четириесетина земји, а отворањето во Македонија се случи во Министерството за надворешни работи, во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27 јануари. Во скопската гимназија, пак, настанот траеше од 12 до 16 септември, а беше организиран под менторство на професорите Валентина Костовска и Атанас Сопотски.

Nedela na mobilnost11Со возење велосипеди низ главниот град, средношколците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ беа дел од Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува и во Скопје. Таа траеше од 16 до 22 септември, а гимназијалците беа дел од големото велосипедско дефиле низ градските улици и булевари, што се одржа на последниот ден кој, воедно, е прогласен и за Ден без автомобили.

Film1Филмот за бегалците што го снимија средношколци од клубот „Јоска“ при средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја доби престижната награда „Плурал плус Балкан 2016“ (Plural+ Balkan 2016). Наградата ја добија во рамките на интернационалниот видеофестивал „Плурал плус“ (Plural+), во категоријата за средношколци од 13 до 17 години, на алијансата на Обединетите нации на цивилизациите и на Меѓународната организација за миграции.

Tikveski grozdober11Плоштадот во Кавадарци и овој септември беше местото каде што се одржа манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2016“, а на неа учествуваа и учениците од средното општинско земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“.

herojot od mojata ulica 4Осум средношколски тима, кои во изминатите три месеци реализираа граѓански иницијативи и поттикнаа промени во своите заедници, ги споделија своите прикаски на настанот „Активирај се“, кој се одржа месецов во кино „Култура“.

gimnazijada5Средното училиште „Перо Наков“ од Куманово, годинава, беше домаќин на државната спортска манифестација „Гимназијада“, на која учествуваа повеќе од 1.000 спортисти од 60 средни училишта во Македонија.

maturska parada quadИ годинава, повеќе од илјада матуранти од цела земја, точно напладне на 20-ти мај, се собраа на плоштадот „Македонија“ и традиционално го одиграа танцот „квадрил“ во рамки на „Матурска парада 2016“.

poetski performansПреку рецитирање на песните на ирскиот поет Вилијам Батлер Јеитс и русинот Сергеј Есенин, средношколците од СУГС „Орце Николов“, во рамки на вечерен поетски перформанс, се запознаа со поезијата на истокот и западот.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk