Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

 

Почеток на ЕУ проектот

„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање на Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (Media Diversity Institute) од Лондон и со дневниот весник Нова Македонија во следните три години (2016-2018) преку повеќе активности ќе ја промовира медиумската писменост во земјата. Целта на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“ е да се развие свеста кај публиката за влијанието на медиумските содржини, но и да ги поттикне граѓаните да се стекнат со знаења и вештини за критичка перцепција на информациите и употреба на медиумите како предуслов за активно граѓанство. Проектот е финансиран од Европската унија.

Проектот предвидува основање на Коалиција за медиумска и информациска писменост, која ќе ги поврзе граѓанските организации и медиумите во осум заеднички партнерства за креирање медиумски содржини што третираат теми од интерес на граѓаните. Осумте иницијативи ќе се изберат на јавен оглас и освен традиционални форми на медиумска продукција и информирање, ќе вклучуваат употреба на медиуми како алатка за комуникација со јавноста. За поуспешна реализација на предложените иницијативи, Високата школа и лондонскиот Институт за различности во медиумите ќе ги обучат избраните претставници на медиумите и на граѓанските организации како да практикуваат професионално и инклузивно новинарство и поефективно да комуницираат со публиката, а при спроведувањето на предложените иницијативи, ќе им пружат и менторска поддршка.

Преку овој проект, Високата школа ќе продолжи да ја унапредува медиумската писменост кај средношколците и младите. Во текот на трите години, Високата школа и Нова Македонија ќе го печатат месечниот средношколски весник „Медиум“, а ќе се реализира средношколскиот конкурс за најдобар медиумски производ “Изрази се преку медиумите“ и летниот камп за медиумска писменост. Секој декември, Високата школа ќе го организира Денот на медиумска писменост со поддршка и највлијателните електронски, печатени и онлајн медиуми во земјата, како и со другите медиуми, членови на Коалицијата. Сите овие активности се со цел за поттикнување на критичкото размислување и изразување на тинејџерите и стекнување на знаења и способности за умна употреба на медиумите коишто се неопходни за учество во јавната сфера.

Сите информации за активностите на средношколците и на Коалицијата ќе се објавуваат на веб-страницата www.medium.edu.mk. Лице за контакт: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk.

Скопје, 23.03.2016

eu

Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање на Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост

Проектот е финансиран од Европската Унија

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk