Високата школа за новинарство и за односи со јавноста в петок, 21 октомври 2016 од 11-12.30 часот организира информативна средба за тековниот повик за доделување грантови за граѓански организации за промоција на медиумската и информациската писменост. Заинтересираните учесници треба го пријават своето присуство на medium@medium.edu.mk или на тел. 02/30 90 004 најдоцна до среда, 14 часот. Средбата ќе се одржи во просториите на Високата школа, на адреса: Јуриј Гагарин 17-1/1, 1 000 Скопје.

Повикот е отворен за предлог-иницијативи насочени кон едукација и јакнење на свеста на граѓаните за значењето на медиумската писменост, разбирање на медиумските содржини и употреба на медиумите како канал за артикулирање на граѓанските интереси и активно учество во јавната сфера. Граѓанските организации треба да обезбедат партнерство со најмалку еден медиум.

Можни активности:  
- Предлог кампања која ќе предизвика позитивна промена во општеството преку активно учество на граѓаните во јавни настани, дебати, медиумски содржини креирани од и за граѓаните, петиции, социјални медиуми и сл.
- Едукација на граѓаните како да пристапуваат до информации што ги засегаат, да стекнат знаења за критичка перцепција на медиумските содржини, да стекнат вештини за користење на новите или традиционалните медиуми за себеизразување и за успешна комуникација со јавноста.
- Инвентивни медиумски содржини за подигнување на свеста за правата на маргинализираните групи и луѓе со попречености
- Медиумска продукција и едукација за разбирање на влијанието на медиумските содржини врз културата и општествените текови преку разобличување на скриените пораки, идентификување на маркетинг и комуникациски стратегии и сл.

Финансиска и друга поддршка: Избраните иницијативи (осум вкупно) ќе добијат:
- Грант до 5.000 евра во денарска противвредност;
- Обуки за претставниците на граѓанските организации и на медиумите; и
- Менторство при реализација на проектите.

Аплицирање и краен рок: Граѓанските организации треба ја достават пополнетата апликација и другите документи наведени во повикот, до адресата на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (Јуриј Гагарин, 17-1/1, Скопје), не подоцна од 28-ми октомври (петок) 2016 год. до 16 ч.

Препорака на Високата школа е сите заинтересирани учесници на повикот да го прочитаат истражувањето: „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“.

Сите информации во врска со повикот се објавени на www.medium.edu.mk, на која што може да се преземат и потребните обрасци за пополнување на апликацијата. Лице за контакт: Александра Теменугова; info@vs.edu.mk и medium@medium.edu.mk, тел. 02 30 90 004

Овој повик Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите во Лондон (В. Британија) и со дневниот весник „Нова Македонија“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004