mediumska laboratorija 1fЧетвртата по ред медиумска лабораторија, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и „Нова Македонија“ ја организираа во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

На неколкучасовната работилница учениците дознаа како се пишуваат вести, како работи една редакција, како се прави селекција на содржините и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница учениците вежбаа пишување вести.

Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Школата и дневниот весник секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Работилниците се организираат на месечно ниво. Ги повикуваме средните училишта кои се заинтересирани да бидат домаќини да се пријават на интернет-адресата medium@medium.edu.mk

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004