Триесетина ученици од средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница учеа како се пишува новинарска вест, како се прави весник и како работи една редакција на печатен медиум. Во заедничка интеракција целата група симулираше работа во медиум, функционирајќи како една новинарска редакција.


Овие еднодневни новинарски работилници ги организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, кој е финансиран од Европската Унија.


Работилниците се организираат на месечно ниво. Средните училишта кои се заинтересирани да бидат домаќини можат да се пријават на интернет-адресата medium@medium.edu.mk

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004