На плоштадот „Македонија“ денеска /19.05.2017 година/ се одржа традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. Оваа единаесетта по ред „Матурска парада“ ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а присуствуваа и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

maturska parada 1- Матуранти, со завршувањето на средното обрзование, пред вас стојат многу можности. Ви пожелувам да ги искористите новите предизвици кои, искрено се надевам, ќе успеете да ги совладате со својот младешки елан, енергија и ентузијазам. Денеска ќе се поврзете со уште стотици и илјадници матуранти од повеќе европски градови и ќе се приклучите на новата армија млади луѓе кои ги следат новите текови на прославување, но и на обединување. Се надеваме дека Вашиот пример ќе го следат идните генерации матуранти, кои ќе ја продолжат традицијата и ќе ја пренесуваат пораката за мир и толеранција во светот. Ви пожелувам среќа и успех во чекорењето на патот кон светот на возрасните, во освојувањето на придобивките од личната и заедничката слобода, во славењето на младоста и уживањето во животот – рече денеска градоначалникот Трајановски.maturska parada 2

На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа повеќе од 1.000 ученици од повеќе средни училишта во Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица и од Гевгелија. Во исто време со матурантите од Македонија „квадрил“ танцуваа матуранти од 120 града во 15 држави од централна и југоисточна Европа.

maturska parada 3Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

Покровител на годинешнава „Матурска парада“ е Градот Скопје, а организатори се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004