Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ организира конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“ којашто ќе се одржи на 22 февруари (четврток) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје од 10.00 - 14.00 часот.

На конференцијата ќе се дискутира дали и колку е присутна медиумската писменост во нашиот образовен систем во однос на неодамна усвоената Сеопфатна стратегија за образованието 2018-2025 и тековните реформи на Министерството за образование и наука.

На настанот ќе се презентираат иницијативите на осумте граѓански организации и осумте медиумски партнери во рамки на Коалицијата за медиумска писменост што во 2016-тата ја основаше Високата школа. Нивните заеднички активности беа поддржани со грантови од Европската Унија, со цел да ја унапредат медиумската писменост во земјата. Во изминатите осум месеци, преку овие иницијативи се продуцираа различни медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, имаше едукативни активности за младите да можат критички да ги перцепираат вестите и да умеат да ги препознаваат професионалните новинарски стандарди.

Обезбеден е превод на англиски јазик. За учесниците од внатрешноста се покриени патните трошоци. Настанот ќе може да се следи во живо преку видео-стриминг на www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk.

Заинтересираните учесници може да го потврдат своето учество до 20-ти февруари (вторник), до 12 ч. на тел. 02/30 90 004 или на е-маил: lsaban@vs.edu.mk. Лице за контакт: Лејла Шабан. 

Агенда за настанот:    МКД       ENG

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk