Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Медиумската писменост постои во формалното образование во Македонија, но таа недоволно застапена. Новата Стратегија за образование 2018-2025 не ја третира медиумската писменост како современ концепт за интеграција на медиумските содржини и поттикнување на критичкото размислување кај учениците, иако во документот доминира дигиталната писменост и употребата на информациско-компјутерски технологии. Постои волја за соработка меѓу Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и другите надлежни институции заедно со граѓанскиот сектор, академската и медиумската заедница да се направат напори за осовременување на наставните содржини во основното и средното образование со цел да е унапреди медиумската писменост.

Ова се заклучоците од денешната конференција „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“ што денеска во Скопје ја организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (ИРМ) од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“, на кој се потенцираше потребата од континуирани обуки на наставниот кадар во основните и средните училишта.

На настанот говореа Ванчо Петрушевски од Бирото за развој на образованието, Тамара Ќупева, професорка во СУГС „Орце Николов“ и Кирил Барбареев, професор на Факултетот за образовни науки при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Лидиа Ел Кури од ИРМ од Лондон го пренесе британското искуство како медиумската писменост се третира во образовниот систем и даде примери за активности на граѓански организации и на јавниот сервис Би-би-си за медиумско описменување на најмладите.

На конференцијата се презентираа активностите на осумте граѓански организации и нивните медиумски партнери кои се членови на Коалицијата за медиумска писменост, основана од Високата школа и истите се достапни на http://medium.edu.mk/koalicija/inivijativi. Денешниот настан се совпадна со седум годишниот јубилеј од печатењето на средношколскиот весник „Медиум“, заедничка активност на Високата школа и на „Нова Македонија“.

Фотографии од настанот се достапни на Фејсбук.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk