Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста има чест да ве покани на завршната конференција „Медиумската писменост во образованието - предуслов за учество на младите во општествените и политичките процеси во Македонија“ во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“. Настанот ќе се одржи на 18 декември (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 1), во Скопје од 10.00 - 14.00 часот.

На конференцијата ќе се презентираат наодите од истражувањето што Високата школа го реализираше во соработка со Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Истражувањето ја анализира состојбата во основното образование во однос на присутноста на медиумската писменост во наставата, резултатите од фокусните групи со наставниците, а претставена е и компаративната анализа на образовниот систем во Словенија и медиумско описменување на учениците. На настанот ќе учествуваат и реномирани истражувачи и професори од Хелсинки, Единбург и Лондон, кои ќе ги пренесат моделите на медиумско образование во своите земји, а ќе се дискутира и за медиумската и информациската писменост низ перспективите на УНЕСКО.

Настанот исто така ќе може да се следи во живо преку видео-стриминг на www.medium.edu.mkwww.vs.edu.mk. На конференцијата ќе биде обезбеден и превод на англиски јазик. За учесниците од внатрешноста се обезбедени средства за патни трошоци.

Со оваа конференција завршува тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот го финансира Европската Унија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk