Педесетина ученици од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“.

rabotilnica za novinarstvo1На неколкучасовната работилница учениците се запознаа со тајните на новинарството, како работи една редакција, како се прават содржините во медиумите и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница учениците вежбаа пишување вести, кои потоа ги презентираа пред присутните учесници.

rabotilnica za novinarstvo3Средношколците учеа и за тоа како да станат медиумски писмени граѓани и колку е важно тоа за едно здраво демократско општество. Овој настан се организира во рамките на проектот
„Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

Ж.В.

Веста е преземена од novamakedonija.com.mk

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004